Времето денеска променливо облачно и постудено

Променливо облачно и постудено со повремен локален снеr, особено на запад и претежно претпладне.

Во централните делови ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува засилен северен ветер најизразен на север во Кумановско, во делови од Скопско, во Штипско и кон југ долж Повардарието. Брзината на ветерот понекаде ќе надминува 70 км/час. Температурата преку денот ќе биде од 2 до 10 степени.

Во Скопје променливо облачно, со услови за краткотраен дожд, а на повисоките делови од слаб снег. Ќе дува и умерен до повремено засилен северен ветер. Температурата до 4 степени.

Под влијание на многу студена воздушна маса од север од утре  до петок следува период на променливо облачно, значително постудено и ветровито време со засилен северен ветер и со слаби локални врнежи од снег. /УХМР

Јункер со фластер: Сам се исеков , нема врска со Меј (ВИДЕО)

Претседателот на Европската Комисија , Жан Клод Јункер се појави со фластер на лицето на прес конференцијата по средбата со британската премиерка Тереза Меј.

Претседателот на Европската Комисија по средната со британската премиерка Тереза Меј мораше да им објасни на новинарите дека фластерот на лицето не му е повреда од средбата со неа , туку дека се исекол утрово додека се бричел.

Тој во негов стил рече дека не смее да се протолкува дека фластерот го носи поради повреда што му ја направила Меј.

Денеска британската премиерка се обидуваше да најде решение од ќорсокакот во кој се најде откако Парламентот одби да го прифати нејзиниот план за излез од Европката Унија , а рокот за Брегзит со усвоен договор е 31 март.

„Само Вистина“ со Петар Богојески и Сафет Бишевац

Во вечерашната „Само Вистина“ дебатираа Петар Богојески и Сафет Бишевац

Сафет Бишевац: „Гром од ведро небо, но Трајко не е било каква фигура во ВМРО-ДПМНЕ, тој одигра клучна улога во 2012 година и тогашниот државен удар.“

Петар Богојески: „Верувам во правната држава, треба да се искористат сите правни механизми да го расветли случајот 27-ми Април.“

Петар Богојески: „СДСМ влезе во процес со ДУИ за т.н. „консензуален кандидат“, но прво треба да објаснат на јавноста што е тоа консензуален кандидат. Сиљановска е шанса за Мицкоски да покаже што знае.“

Сафет Бишевац: „Заев мора да понуди многу повеќе од вербални ветувања, факт е дека од реформите има само „Р“. “

Петар Богојески: „На овие претседателски избори мора да се понуди квалитетна дебата, без навреди и лични квалификации, со промоција на вредности и програмски определби.“

Сафет Бишевац: „Не сакам да верувам дека овие избори може да го променат начинот на избор на претседател, наместо на избори да биде во Собранието, но затоа ни треба човек кој ќе ги претставува сите граѓани и ќе говори од името на сите.“

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само вистина"

Заев - Јосиповиќ: Храбрите и визионерски политики придонесуваат за развојот на нашата држава и за добрососедските односи во целиот регион

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со делегација на Хрватско–македонската тангента, предводена од Иво Јосиповиќ, почесен член на Тангентата и поранешен претседател на Република Хрватска.

На средбата е изразена поддршка за храбрите и визионерски политики на премиерот Заев, со коишто се решени важни државни прашања и со коишто се овозможени интеграциите на нашата земја во НАТО и во ЕУ, и развојот на Република Северна Македонија. Исто така, констатирано е дека потегот на премиерот Заев, во насока на изнаоѓање решенија за стабилни и прогресивни добрососедски односи е значаен пример и голем придонес во развојот на добрососедските односи во целиот регион.

Премиерот Заев се заблагодари на почесниот член на Хрватско–македонската тангента и поранешен хрватски претседател, Јосиповиќ за поддршката од Хрватско– македонската тангента и од Република Хрватска за целиот период досега, на демократските процеси во нашата држава, како и во остварувањето на аспирациите на нашата држава за интеграција во ЕУ и во НАТО.

„Економијата почна да се движи во позитивна насока, доаѓаат инвестиции, по успешниот политички процес во државата, затворањето на отворените прашања со соседите и НАТО и ЕУ перспективите за нашата држава. Она на што сме фокусирани сега е граѓаните да го почувствуваат економскиот бенефит од овие успешно заокружени политички процеси“, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев изрази очекување за успешна имплементација на судските реформи и на реформите за борбата против корупцијата, што по НАТО интеграциите, треба да донесат и датум за почеток на преговорите со ЕУ во јуни годинава. Истакната е и важноста на политиките на солидарност и социјална правда коишто се спроведуваат во интерес на градењето едно праведно и правично општество за сите граѓани. 

На средбата се разговараше и за важноста од успешни претседателски избори во нашата земја, коишто е добро да донесат претседател на државата со широка поддршка од граѓаните. Сето тоа, како што е оценето, ќе придонесе што поскоро да се врати фокусот на реформскиот курс на државата во интерес на интеграциските процеси, како и на побрзо унапредување на квалитетот на живот на граѓаните. 

Премиерот Заев на состанокот посочи дека за Република Северна Македонија се од големо значење хрватските искуства во интеграциските процеси и соработката во области важни за граѓаните, како што е актуелната соработка во областа на енергетиката, или за реализацијата на проектот за трамвај во Скопје, што се реализира според идејно решение од пријателскиот град Загреб, се наведува во соопштението од Владата.

притисни ентер