Дневен хороскоп 12.2.2019

Дневен хороскоп за 12.2.2019, Вторник 

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Оние Водолии кои се во тајна љубовна врска, денеска ќе се најдат пред промена на статусот.

Кариера

Би можеле да препознаете нешто што не го гледаат другите и да делувате во таа насока. Некој можеби нема да ве разбере.

Здравје

Некои бараат  нова терапија.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Имате отворен дух и може да лесно да освојувате . Оние кои имаат партнер , се подготвени се да споделат со него

Кариера

Студентите решаваат битни прашања, Учениците постигнуваат резултати, стипендистите носат одлуки за стипендии.

Здравје

Следете ги своите идеи.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Не се откажувајте од заведување и страст , па дури и ако партнерот  ви е повеќе од верен. Тоа едноставно е ваш стил

Кариера

Ќе почувствувате голема поддршка од вашите колеги . Тоа обврзува и ја провоцира вашата одговорност на работа.

Здравје

Победувате во битка.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Некои ќе решаваат како да ја зацврстат врската. Она што го замислиле доследно ќе го спроведат на дело.

Кариера

Средствата што ви стојат на располагање или што сте ги заработиле, денеска ќе сакате да ги потрошите на нешто убаво

Здравје

Знаете што сакате.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска ќе ви се наметнат ситуации за да поработите на нов начин на изразување и однесување кон личности од спротивниот пол .

Кариера

Одличен ден за деловни патувања, состаноци или преговори. Работите ќе ви одат од рака.

Здравје

Полни сте со елан.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Леснотијата со која ќе ги изразувате чувствата , ќе ве зачуди Се ќе покажувате и повеќе од јасно.

Кариера

Вработените во самостојни професии денеска ќе решаваат како да ја продолжат кариерата.

Здравје

Движете се и уживајте.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Можно е денеска да се решите за мали промени на некои заеднички навики , со кои ќе ги освежите меѓусебните односи

Кариера

Нема да заборавите ниту еден детал. Ќе се потрудите да ја разубавите работната средина.

Здравје

Здрави сте и се грижите за здравјето.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Оние кои имаат врска на далечина , денеска ќе решаваат за иднината. Ќе бидете конструктивни.

Кариера

Ќе утврдите дека ви е важна една соработка со странци повеќе отколку што сте мислеле.

Здравје

Стабилно.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Веројатно ќе ја анализирате вашата врска и ќе најдете мотив работите да тргнат во нова насока.

Кариера

Истражете ги новите деловни миожности преку преговори. Не треба сеуште да дефинирате , но може да се информирате.

Здравје

Бидете трпеливи.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Веројатно подлабоко ќе се замислите и ќе го преиспитате вашиот статус во врската. Обидете се да бидете што пообјективни.

Кариера

Работи поврзани со естетика или со изразување на емоции денеска ќе ви бидат во прв план.

Здравје

Можна е главоболка.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Веројатно најдобро ќе се чуствувате заштитени во својот дом. Денеска нема да ве интересираат излегувања.

Кариера

Нема да ви се работи , зашто ќе ви недостига енергија и мотивација. Сепак, она што морате , одработете го професионално.

Здравје

Не претерувајте со колачи и благо.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе ви се чини дека љубовта е далеку од вас , па дури и ако сте во врска. Ќе се засили копнежот и спомените.

Кариера

Во текот на денот најверојатно ќе ви стане јасно во кој правец ја развивате кариерата.

Здравје

Ве чека подобро утре.

Заведува со поглед: Погледнете го ова драматично издание на Адриана Лима

Синоќа в о Лос Анѓелес е одржана гала вечерта „Hollywood For Sience” на која се појави и некогашната главна манекенка на Викторија сикрет, Адриана Лима.

Лима (37) се појави во необичен асиметричен фустан со неонски бои и уште еднаш го потврди овој тренд во модата.

Несекојдневниот краток фустан го искомбинира со проѕирни црни штикли, а драматичниот изглед го нагласи со мачкестиот ајлајнер кој допринесе Лима да изгледа многу упадливо.

Фустанот е креација на Дејвид Коме и во слободната продажба чини нешто помалку од две илјади фунти.

Foto: Getty

Видео: По 38 години повторно најдена најголемата пчела на светот

Најголемата пчела на светот е повторно пронајдена во Индонезија, откако 38 години се сметаше за исчезната.

Се работи за  Валасовата џиновска пчела, чиј примерок, последен пат бил забележан во 1981-та година. Голема е колку палец на возрасен човек и е пет пат поголема од домашната пчела.

 Ја пронашол тим од јужноамерикански и австралиски биолози, сместена во гнездо на термити на дрво.

- Беше неверојатно да се види овој летечки булдог од светот на инсектите, за кој не бевме сигурни дали се уште постои, да се види колку е навистина голем, изјавил фотографот Клеј Болт.

Единаесет новозаболени од морбили, тројца хоспитализирани

Единаесет новозаболени од морбили се регистрирани вчера, од кои тројца се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести.

Останатите осум се амбулантски прегледани и пуштени на домашно лекување, информираат од таа јавна здравствена установа.

Меѓу хоспитализираните е осуммесечно бебе од Тетово невакцинирано со бронхопневмонија, 26-годишна пациентка од Тетово вакцинирана со една доза и 36-годишна пациентка од Тетово без податок за вакцинален статус со бронхопневмонија.

На Клиниката има 26 пациенти со морбили и компликации од кои 10 се возрасни, а 16 се деца.

Од осумте заболени кои биле амбулантски прегледани и пуштени на домашно лекување, две се деца на возраст од една и пол година и 14 години од Скопје, а едно е петмесечно бебе од Гевгелија, кои се невакцинирани. Останатите заболени кои биле амбулантски прегледани и пуштени на домашно лекување се на возраст од 21 до 36 години и за најголем дел од нив нема податок за вакцинална покриеност, посочуваат од Клиниката. 

притисни ентер