Сервер: Македонија до 2024 година може да биде при крајот на процесот за зачленување во ЕУ

Политичкиот аналитичар Даниел Сервер смета дека Македонија во јуни ќе ги започне преговорите за членство во Европската Унија и за пет години ќе биде при крајот на процесот за зачленување.

Сервер е професор по меѓународни студии на Универзитетот „Џон Хопкинс" и добар познавач на работите на Балканот.

– Не сум во бизнисот со предвидувања, но сметам дека најреалистично е Македонија за пет години да биде при крајот на процесот за зачленување во ЕУ.

Додаде дека тоа ќе зависи многу од стабилизацијата на домашната политичка клима што би овозможило навремена имплементација на реформите.

– Во однос на зачленувањето во ЕУ, Македонија е исправена пред два предизвика, имплементацијата на „акис" (општите права и обврски задолжителни во сите земји членки на ЕУ), како и независноста на судството.

Ако овие реформи, таканаречени потпорни столбови на една градба, бидат имплементирани на време, Македонија е на сигирен пат да стане членка на ЕУ, изјави Сервер за МИА. 

ОЈО: Јанева е осомничена за злоупотреба на службена положба и овластувања

Во  Основното јавно обвинителство, пред малку заврши прес-конференцијата на обвинителите Јовевски и Русковска, кои официјално го потврдија статусот осомничен за Јанева.

Во Обвинителството е Михаела Димовска.

За што се се сомничи специјалната јавна обвинителка?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Јанева со полициска придружба го напушти СЈО

 Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево со полициска придружба го напушти СЈО каде што беше доведена откако беше приведена во нејзиниот дом во скопската населба Козле.

Се очекува да биде донесена во Основниот суд Скопје каде што треба да биде изведена пред судија на претходна постапка кој треба да одлучи по барањето на Јавното обвинителство за одредување мерка притвор.

ЈО бара притвор за Јанева поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, заради стекнување лична корист.

Полицијата попладнево по налог ЈО ја приведе Катица Јанева во нејзиниот дом во скопската населба Козле, по што со полициска придружба беше донесена во СЈО.

Обвинителката Вилма Рускоска потврди дека полицијата влегла во СЈО со налог да се одземе компјутерот на Јанева.

Катица Јанева, која беше спомната во снимките што ги објави италијанскиот весник „Ла Верита", вчера беше на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал за случајот „Рекет".

Донесен кодексот за однесување на јавните функционери

Членовите на Владата и сите јавни функционери ќе бидат под строг мониторинг за тоа како настапуваат во јавноста и дали ги почитуваат моралните и етички принципи кои произлегуваат од нивните функции.

Ова е одлука на Владата со која на вчерашната седница го усвои Етичкиот кодекс за одговорно однесување на функционерите.

Усвојувањето на Кодексот практично беше повод министерот за отчетност и транспарентност Поповски да биде прашан за коментар свој во врска со изјавата на Заев од пред една недела која предизвика бурни реакции во јавноста.

Поповски ги изнесе основните детали околу Кодексот за кој, како што рече, строго ќе се почитуваат механизмите и нема да има отстапки за ниту еден функционер. За неодговорните лица ќе има и санкции кои можат да завршат со институционална и политичка одговорност.

Кодексот, според Поповски, треба да биде еден вид водилка на примерност и одговорност и смета дека секој јавен функционер ќе почне поинаку ќе се однесува.

притисни ентер