Италијанската десница бесна - Махмуд победи на Сан Ремо (ВИДЕО)

Дваесет и седумгодишниот Алесандро Махмуд , кој за себе вели дека е стопроцентен Италијанец , победи на фестивалот на забавни песни , Сан Ремо.

Мајката на Махмуд е од Сардинија , а татко му е од Египет , а себеси се смета за Италијанец. Фестивалот го следеа околу 10 милиони телевизиски гледачи. Махмуд победи со гласиовите на жири комисијата , додека публикатѕа му додели само 14 проценти од гласовите, во однос на второпласираниот Ултимо , кој освои 46 проценти од гласовите.

По победата , се појавија жестоки коментари прво на социјалните мрежи , а потоа и во јавноста.

Така меѓу другите се огласи италијанската десница со коментар : ,,Али Баба, ти не победи , ти помогнаа да победиш!”

Италијанскиот министер за внатрешни работи и шеф на владејачката десничарска партија Матео Салвини , не се воздржа , а да не даде жесток коментар на Твитер , што дополнително ја загреа негативната атмосфера кон музичарот.

,,Махмуд ...паф... Најдобра италијанска песна? Јас би го избрал Ултимо , што мислите вие?” , напиша Салвини.

Алесандро Махмуд со победничката песна од Сан Ремо во мај ќе ја претставува Италија на Песната на Евровизија.

Тој на сите коментари одговара: ,, Јас сум Италијанец, роден сум и израснат во Милано , значи сто проценти сум Италијанец.”

Се воведуваат повратни вендинг машини за пластични шишиња и лименки

Со помош на Фондот за иновации и технолошки развој, „Пакомак" стана првата македонска компанија што го воведува светскиот тренд во рециклирањето – повратни вендинг машини за пластични шишиња и лименки.

Целта на поставувањето на повратните вендинг машини (ПВМ) е да се мотивираат граѓаните што поефикасно и побрзо да се вклучат во процесот на селективно одложување отпад. Со самото учество во процесот ќе бидат соодветно наградени со т.н „зелени поени” кои може да ги користат за плаќање производи и јавни услуги (на пр. комунални такси, билети за јавен превоз, паркинг и сл.)

На почеток, „Пакомак" ќе постави машини во неколку општини низ земјата, а долгорочниот план опфаќа поставување машини на целата територија на државата. Проектот е наменет за сите граѓани, без разлика на возраста и социјалниот статус, а и системот на награди е приспособен за сите групи во општеството. Првиот прототип се очекува во првата половина на 2020 година.

Иако работи на истиот принцип како стандардните вендинг машини (се стават пари, се добива производ), поради обратниот процес (се става производ, се враќаат пари) таа се нарекува „повратна вендинг машина". Она што започна како експеримент во 70-тите години на минатиот век во Норвешка, денеска е многу успешен глобален проект кој на еден едноставен начин ја одржува нашата планета почиста, истовремено поттикнувајќи ги луѓето да рециклираат отпад./MИА

Три до пет проценти од децата во училиште се хиперактивни

„Нема внимание ниту во училиште, ниту во игра, знае да стане агресивно без никаква причина. “

„Заминавме на преглед ни рекоа дека има аутизам, но подоцна дознавме дека е состојба на АДХД или состојба на нарушување на вниманието или хиперактивно однесување“, ова е исповед на родител, чие дете има АДХД. Три до пет проценти кај децата во училиштата се со оваа состојба, многу почеста е кај момичињата, објаснува професорот по дефектологија Владимир Трајковски. За дефектолозите се уште многу малку се алармира за оваа состојба во училиштата и од страна на родителите, се препишува на состојбата дека едноставно детето е немирно, а тоа не е така. Многу често се испреплетува заедно и со состојбата на аутизам.

Разликата кај оваа состојба и кај аутизмот е што навремените вежби, дури и потребна терапија може да го намали целиот процес на хиперактивност и во натамошниот живот.

Професорот со совет дека во училиштата со стратот на секоја учебна година потребни се стратегии за вработување на стручен кадар за овие деца, бидејќи се оставени на товар на наставниците.

Традиционално летно искачување до Титов Врв

По 11-пат претстојникот викенд ќе се одржи традиционалното летно искачување на Титов врв во заедничка организација на Планинарските клубови Тетекс и Јелак од Тетово. Организаторите очекуваат голема посетеност на планинари од цела Македонија.

Акцијата е планирана како дводневна, така што во сабота, доколку има заинтересирани, ќе има организирано ноќевање на Попова Шапка. В недела, во шест часот е планирано тргнувањето со организиран превоз од пред Центарот за култура во Тетово, додека во седум часот од пред платото на хотелот Попова Шапка ќе се тргне кон Титов Врв.

– Искачувањето ќе се одвива исклучиво по Вакуфската патека за што двата клуба обезбедуваат водичи и техничка поддршка за време на акцијата. Сите останати кои што нема да се придржуваат кон инструкциите на водичите и поставената патека ќе се сметаат дека не се учесници на настанот и за нив двата клуба не превземаат никаква одговорност, вели Снежана Новаковска од ПК Тетекс

Патеката е со должина од околу 12 километри за што се потребни околу четири часа за искачување.

– Патеката е со средна тежина, а имајќи предвид променливата временска прогноза, се препорачува сите учесници да имаат заштита од сонце, ветер и дождливо време. Вода има само на половина пат на местото наречено Казани со што се препорачува секој по сопствена проценка и потреба да си ја планира количината на вода што ќе ја носи со себе. Минималната количина на вода се препорачува да не биде под еден литар, вели Борис Стојановски од ПК Јелак.

Сите заинтереирани планинари пожелно е да го пријават своето учество кај организаторите, односно планинарските клубови Тетекс и Јелак, заради успешно организирање на настанот./МИА

притисни ентер