Комисијата за заразни болести со нови препораки за справување со епидемијата на морбили

На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести при Министерство за здравство донесени се нови дополнителни мерки за заштита на населението од епидемијата на морбили.

- Сите родители кои имаат деца со наполнети 6 месеци, а живеат на територијата на градот  Скопје, од утре треба да се јават во најблискиот вакцинален пункт за да ги вакцинираат своите деца со МРП вакцината.

Родителите пак, кои имаат деца на училишна возраст, а не се ревакцинирани или воопшто не примиле МРП вакцина, да ги вакцинираат децата, и ова се однесува за сите деца кои живеат во Македонија. Комисијата му предложи на Министерството да се почне со теренска вакцинација.

- Родителите кои ќе се посомневаат дека нивните деца се заразиле со морбили, или имаат висока температура или пак веќе имаат осип на кожата прво да се јават на преглед во пунктови во Здравствените домови и по проценка на лекар од пунктовите, само со упат да се насочуваат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

- За да се намали притисокот од пациенти на Клиниката за детски болести и Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби, граѓаните се упатуваат во трите пунктови во поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит-пазар“ и „Ѓорче Петров“. Во овие пунктови има дежурни лекари кои работат секој работен ден од 19.30 часот до 7.30 наутро, а за викендите се на располагање 24 часа во текот на денот.

- Во работните денови, родителите треба децата прво да ги однесат на матичен лекар. На овие три места ќе се вршат комплетни прегледи со лабораторија на децата чии родители ќе се посомневаат дека можеби се заболени од морбили (мали сипаници). Доколку лекарите утврдат дека е потребно, пациентите ќе ги упатуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Апелираме до сите родители, кои ќе забележат или ќе се посомневаат на првите знаци на болеста, висока температура, децата прво да ги однесат на овие три пунктови.

На средбата беше констатирано дека вакцините кои се аплицираат во сите здравствени домови се со проверен квалитет, од европски производител и имаат добар рок на траење. Комисијата укажа дека само со колективен имунитет, или 95 отсто вакцинирано население со МРП вакцината, ќе може да ја спречиме епидемијата и смртноста кај населението, кај најранливата категорија, децата кои воопшто не примиле вакцина поради возраста или поради некои други хронични заболувања. Сите предходни мерки кои ги донесе Комисијата сѐ уште се на сила.

Тоа значи дека децата кои не се вакцинирани со МРП нема да се примаат во градинките, се апелира за интензивна и неодложна вакцинација на децата кои се во добро здравје за да се подигне колективниот имунитет. Да се вакцинираат сите здравствени работници кои имаат непосреден контакт со пациенти заболени од морбили. Најстрого се забранува и посета на болни во сите здравствени установи.

Потсетуваме, морбилите се високо заразно заболување кое лесно се пренесува по капков пат. Едно лице со морбили (мали сипаници) може да зарази 9 од 10 лица околу него кои не се вакцинирани.

Досега се вакцинирани 6.276 деца само во Скопје, а пред прогласувањето на епидемијата во населбата Радишани, на 19 декември годинава, беа регистрирани околу 15 илјади невакцинирани деца со МРП вакцина. Родителите треба многу сериозно да ги сфатат насоките и од Комисијата за заразни болести и да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство.

Потсетуваме дека покрај вакцинацијата, не постои друг лек во светски рамки кој е познат на медицината базирана на докази. Со апстиненција од вакцинација, родителите го доведуваат своето дете во огромен ризик. МРП вакцината е со одличен квалитет, од европски производител, има добар рок на траење и поседува два сертификати за квалитет. Апел до родителите да ги вакцинираат децата, само така ќе ја спречиме епидемијата и ќе заштитиме некое друго дете од зараза и смрт поради компликации од морбилите, се наведува во соопштението од Комисијата за заразни болести.

ОН: До 2050 во морињата ќе има повеќе пластика отколку риби!

30 проценти од рибите веќе се отруени со пластика, а до 2050 година во морињата ќе има повеќе пластика отколку риби, покажале податоците на Обединетите нации.

Според проценките на американскиот завод за заштита на животната средина, светската потрошувачка на пластични кеси го достигнала годишното ниво до 1.000 милијарди парчиња.

Природата го плаќа највисокиот данок, затоа што преостанатите 99 отсто ги загадуваат морињата, реките и езерата, ветерот ги разнесува по копното, канализацијата ги носи во водите.

Десетина илјади китови, птици и желки секоја година умираат поради пластичните кеси во морето.

Многу земји ширум светот сериозно ја сфатија опасноста од пластичните кеси, поради што голем број ги забрани или воведе даноци за нивна употреба.

„Tesla Roadster“ – како една од ракетите на Маск (видео)

Иако во продажба ќе се појави дури во 2020 година, најстартниот модел на Тесла овие денови повторно е во фокусот на љубителите на спортски автомобили благодарејќи на новата снимка која се појави на социјалните мрежи.

Новата генерација „Tesla Roadster” најавена е уште на крајот на 2017 година, кога е преставен претпродукцискиот автомобил. Американскиот производител уште еднаш не потсети на овој спортски модел и неговите неверојатни перформанси во новата снимка објавена на Инстаграм, на која се гледа како Roadster забрзува.

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Zero to sixty faster than you can read this caption tesla.com/roadster

A post shared by Tesla (@teslamotors) on

Како што најави Илон Маск во 2017 година, новиот Roadster од 0 до 60 милји на час (0-96км/ч) забрзува за само 1.9 секунди!

Брзина од 100 милји на час (162км/ч) достигнува за само 4.2 секунди, пред да ги развие максималните 250 милји на час (402 км/ч).

Првиот човек на Тесла пред две години соопшти дека почетната цена на овој автомобил во САД ќе изнесува 200.000 долари, додека возилата од специјалната, ограничената серија (Founder Series) ќе се продаваат за 250.000 долари.

Останува да се види дали Маск ќе го одржи ветувањето за цената кога во 2020 година ќе се појави новиот Roadster во продажните салони.

Половина од богатството му “дава“ на својот поранешен маж: Не потпишала предбрачен договор

Адел ќе мора да го подели своето богатство на половина, односно милиони од нејзината банковна сметка ќе му припаднат на наскоро нејзиниот поранешен сопруг.

Адел и Симон се запознале во 2011 година благодарејќи на заедничкиот пријател, пејачот Ед Ширан.

Потоа Адел ја доживеала својата огромна професионална експлозија, благодарејќи на објавувањето на својот втор албум под името „21“, кој доживеа голем меѓународен успех.

Парот во октомври во 2012 година го доби и синот Анџел, а во 2016 стапија во брачна заедница, што пејачката одлучи да им го открие на фановите во текот на еден настап во Австралија.

Според наводите на британските адвокати во магазинот „The Times”, се чини дека Адел и Симон не потпишале предбрачен договор за поделбата на имотот, што се покажало како голема грешка.

Според тие исти извори, се проценува дека  богатството на пејачката преминува сума од 160 милиони евра и оти Адел половина ќе мора да подели со својот партнер.

Не изгледа како тоа да е голема грижа за Адел. Таа има три студиски албуми (под имињата “19“, “21“ и “25“) кои ја направија една од најбогатите жени во музичката индустрија во Велика Британија.

Во 2016 година, таа беше на врвот на листата на најуспешни луѓе под 30 години во својата земја. Тоа беше пред три години, а тогаш нејзиното богатство беше проценето на 106 милиони.

Меѓутоа, треба да се истакне дека Адел е со скромно потекло и оти ја одгледала самохрана мајка во еден стан, без никаков комфор и луксуз.

Адел е приземна и скромна личност, како што често наведуваат луѓето кои ја познаваат и кои соработуваат со неа.

притисни ентер