Слаб снег на Попова Шапка, сообраќајот се одвива нормално

Врнежи од снег со слаб интензитет вечерва има на Попова Шапка, но засега тие не претставуваат проблем за сообраќајот, информира јавното претпријатие „Македонија пат".

На патиштата во западните делови од државата сообраќајот се одвива по влажни коловози, а во останатите делови по местимично влажни колозови.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисурите и усеците можна е појава на поситни одрони. 

Дуел Пендаровски-Сиљановска во „Само вистина“ на 2 мај!

По дуелот на деценијата меѓу Заев и Мицкоски, Канал 5 со гордост соопштува дека ќе биде домаќин и на ТВ дуелот на кандидатите за претседател што влегоа во вториот круг, Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова.

Соочувањето ќе биде во живо во емисијата „Само вистина“ на 2 мај, четврток, со почеток во 18.45, на само еден ден од изборниот молк и 3 дена пред одлучувачкото гласање закажано за 5 мај...

И Сиљановска-Давкова и Пендаровски одговорија позитивно на поканата, па очекуваме во духот на демократските вредности, преку јавен судир на идеите и концептите на двајцата, да овозможиме граѓаните полесно да донесат одлука на кого ќе му ја дадат поддршката да биде на чело на државата во следните 5 години..

Концептот ќе биде идентичен со дуелот на Заев и Мицкоски... , ќе трае 100 минути, со ограничување на одговорите на прашањата во траење од2 минути, како и можност за размена на реплики и контрареплики..Двајцата гости ќе добијат прашања на актуелни теми на кои граѓаните очекуваат одговори, а и самите ќе имаат можност да отворат по една тема..

И во ова соочување, тим на новинари на Канал 5 ќе врши т.н. Проверка на фактите, со која ќе ја утврдуваме точноста на податоците што како аргументи ќе ги користат кандидатите..

Саудиска Арабија им ги отсече главите на 37 терористи , еден е распнат

Триесет и седум Саудијци се егзекутирани во Саудиска Арабија , откако се осудени за тероризам , соопшти министерството за внатрешни работи.

Егзекуциите се извршени во пет покраини и тоа во главниот град Ријад, во свертите градови Мека и Медина , во сунитскиот регион ал- Касим и во источниот дел каде живее шиитско население.

Тие се прогласени за виновни поради усвојување на екстремистичко – терористичката идеологија. Во Саудиска Арабија смртните казни се извршуваат со отсекување на главите , но министерството нагласи дека еден од терористите бил распнат , зашто станува за лице осудено за многу тешки злосторства.

Претходно , во државата во јануари 2016 година беа егзекутирани 47 терористи.

Масовен погреб во Шри Ланка – ИД ја презеде одговорноста за масакрот (ВИДЕО)

Исламската држава ја презеде одговорноста за терористичките напади во кои загинаа 321 лица во Велигденскиот масакр.

Нема докази дека токму тие се организатори на масакрот , а инфорамцијата ја објави нивниот сајт Амак. Според министерот за одбрана на Шри Ланка , нападот е одмазда за терориастичкиот напад во Крајстчрч , на Нов Зеланд. За нападот се опдговорни две исламистички групи , National Thawheed Jama'ath (NTJ) и  Jammiyathul Millathu Ibrahim.

Бројот на жртвите достигна 321 , а меѓу нив има 45 деца. Над 500 лица со тешки повреди сеуште се во болниците во Коломбо. Во земјата е прогласен ден на жалост , како и вонредна состојба .

На 35 километри од главниот град , во близина на црквата каде беше извршен еден од нападите, беше одржан и масовен погреб за загинатите.  

притисни ентер