СДСМ: Мицкоски паѓа се пониско, злоупотребува човечки трагедии за сопствена промоција

Целосно заглавен во деструктивноста, не можејќи да се помири со успехот на Македонија, антинародниот Христијан Мицкоски паѓа се пониско, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Мицкоски злоупотребува дури и човечки трагедии и тоа го смета за сопствена промоција.

Криминалниот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон здравјето на граѓаните, скандалите со паралелниот увоз на лекови, придонесе да опадне  опфатот со вакцинација во 2014 година, а со тоа и да се намали колективниот имунитет. Мицкоски молчеше.

Мицкоски со години беше дел од криминална власт која го уништуваше здравството, ги потценуваше лекарите и ги погазуваше правата на пациентите. Мицкоски не кажа ниту збор, беше посветен единствено на бизнисот со хидроцентралите.

Неодговорното ВМРО-ДПМНЕ со години лажеше за Клинички центар, а потпишало договор за изградба на Клинички центар што  немал одобрение за градба од страна на Министерство за транспорт и врски. Мицкоски молчеше, фокусиран да ја поскапи струјата за 100 отсо.

Затоа неговите однапред снимени обраќања се лицемерни, нерелани и полни со лажна загриженост.

Борбата на институциите со епидемијата на морбили продолжува, се преземаат сите неопходни мерки.

Граѓаните ги прифаќаат препораките на Министерството за здравство и секојдневно расте бројката на вакцинирани. Досега вакцинирани се над 6.000 лица со МРП вакцината и над 50 отсто од невакцинираните деца.

Египјаните му дадоа на претседателот власт до 2030

Египјаните со големо мнозинство ги изгласаа измените на Уставот со кои на претседателот Абдел Фатах ал- Сиси му се дава мандат до 2030 година.

Според резултатите на референдумот,  88,3 проценти од граѓаните , односно 23,4 милиони од граѓаните на Египет одговориле позитивн за уставните промени. Со амандмани се продолжува воториот мандат на Ал Сиси, кој требаше да заврши во 2024. Но сега , со уставните измени , мусе дава шанса за уште еден продолжен шестгодишен мандат  и со тоа ќе владее  до 2030.

Поранешниот генерал на египетската војска дојде на власт во 2014 по соборувањето од власт на Мохамед Морси , кој беше првиот демократски избран претседател и цивил.

На вчера одржаниот референдум за уставните измени излегоа 44,33 % од гласачите.

Борба за превласт во ИВЗ – Бузаку се прогласи за нов поглавар, Реџепи не отстапува

Нови тензии и борба за превласт во ИВЗ.

Претендентот за поглавар на ИВЗ Скендер Бузаку, повикувајќи се на судска одлука, тврди дека тој е новиот поглавар.

Сулејман Реџепи пак, вечерва по вонредната седница на Ријасетот на ИВЗ во Кондово порача дека не ја признава одлуката на судот, дека таквата одлука е политичка и оти од денеска повеќе не се на истата страна со Владата.

Напнатоста порасна вечерва откако во седиштето на ИВЗ во Скопје влегла и финансиска полиција, која го проверувала работењето на Реџепи.. Во исто време, во објектот се нашле и претставниците на Бузаку и на Сулејман Реџепи, кои излегоа со целосно спротивни информации.

Бузаку вели дека неговото назначување се базира на решение на Основниот суд два, според кое, тој треба да биде впишан на функцијата Реис ел улема, одлука која утре ќе била објавена и во Службен весник.. 

Мицкоски : Забревта власта, таа е на колена, од нас зависи нашата иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва го посети Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на Кисела Вода, каде што размени мислења со членовите и симпатизерите на партијата.

Мицкоски при самата средба со граѓаните посочи дека Зоран Заев и власта се делегитимирани и ВМРО-ДПМНЕ е на чекор од победа на претседателските избори. Самите резултатите од првиот круг на изборите покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ во моментов е најголемата политичка сила и ја има поддршката од домашната и од меѓународната јавност.

-Докажано е дека оваа власт не ја бива, не треба нови докази за тоа, зошто тие докази ги живееме, сиромаштија, несигурност, криминал, неправда, тие ја донесоа апатијата, разочарувањето за да луѓето станат индиферентни, да ги прифатат ужасите, но тие така сакаат, а одговорот е едноставен, масовност на 5 мај. Масовно излегување и поддршка за Гордана Сиљановска Давкова, истакна Мицкоски.

Добиените гласови по општини и изборни единици покажуваат сигурна победа на ВМРО-ДПМНЕ во 47 општини, а тоа се должи на успешното препознавање на програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Но и искажување на незадоволството на граѓаните кое е се поголемо, и расте со секој изминат ден и тоа ќе биде изразено на денот на изборите, кога граѓаните ќе стават крај на погубните политики на оваа власт предводена од Зоран заев и СДСМ.

-Ќе понудиме решенија за проблемите на граѓаните, со план, програма и заедничка визија. Забревта власта, таа е на колена, од нас зависи нашата иднина. Заев има реклами, убави зборови, а во реалноста народот има глад. Тоа ќе го смениме. Правда за Македонија. Татковината повикува, порача Мицкоски од Кисела Вода.

притисни ентер