Полицијата му ставила змија на вратот за да признае дека крадел мобилни (ВИДЕО)

Индонезиската полиција се извини и најави дека ќе изврши внатрешна истрага и ќе ги казни полицајците , кои на невиден начин се обидоа да изнудат приознание од осомничен за јрадење мобилни телефони.

Индонезиската полиција најави дисциплинска постапка против вработените , кои се појавија на видеото , на кое се гледа како полицајци околу вратот на осомничен ставаат голема змија за да призна кражба на мобилни.

На снимката се гледа како осомничениот бара помош со раце врзани на грбот , а полицаецот кон него ја бутка змијата и го прашува колку пати крадел телефони.

На тоа осомничениот одговара ,,Само два пати.” Но , полицаецот , незадоволен од одговорот , се заканува дека ќе му ја стави змијата во уста или во панталони.

Силјановска-Давкова:Ако бев претседателка, сега ќе протестирав со специјализантите!

Професорката Гордана Силјановска-Давкова порача од Гевгелија:Ако бев Претседателка, сега ќе протестирав и марширав со специјализантите!

Сите ние, седумтемина претседателските кандидати, напишавме убави текстови за поддршка на специјализантите. Што се случи? Нели е сега министер за здравство некој од актуелната власт? Нели има кандидати за пратеници што се лекари?

Зарем уште еднаш ќе дозволиме оние кои едвај ги чекаат надвор како непроценлив македонски подарок, лекари, млади специјализанти, да си заминат? Не!

Што ќе направев јас ако бев во моментов претседателка? Ќе протестирав и ќе марширав со нив! И тоа ќе го правам! Со сите ранливи категории, секогаш кога ќе сакам да ја разбудам свеста!

Не за да се правам важна или млада, туку за да покажам дека оние на клучните функции се таму заради заштита на јавниот интерес и јавното добро. А јавното добро мора да создава јавна вредност. Тие, специјализантите, создаваат непроценлива јавна вредност! Ги штитат нашите животи! Прават се што прават и другите лекари. Ама токму тие не уживаат здравствена и социјална заштита. Па, каква е таа социјална држава и каква е таа социјалдемократија што не води сметка за оние кои ни се најпотребни?

Оти ние веќе се откажуваме од лекарите. А јас велам, одличен би бил еден здравствен туризам. Денеска сретнав еден професор од Оксфорд, мој пријател. Ми вели дека меѓудругото, доаѓа овде исто така и заради тоа што има одлични лекари во „8-ми Септември“. Просто, не верував!

Сега замислете, ние да се откажеме од она што го вложила Македонија во овие луѓе и да им речеме: - Заминете си.

Не! Останете уште малку, ве молам! Истрпете уште малку! Бидете убедени дека ништо нема да биде како досега по старо! Се ќе биде ново! Секаде каде што сум била, сум правела промени! Ќе правам и како претседателка!, рече Силјановска- Давкова, објави нејзиниот тим.

Командант на Хесболах е убиен во израелески напад во Либан

Командантот на крајбрежниот сектор на Хезболах е убиен во израелски напад, соопштија израелските одбранбени сили.

Се вели дека еден од нивните авиони го „погодил и елиминирал“ Исмаил Јусаф Баз во областа Аин Ебел во Либан, пренесува Sky news.

Командантот служел како висок функционер на неколку позиции во военото крило на Хезболах.

Тој исто така планирал да лансира ракети и противтенковски ракети кон Израел од крајбрежната област на Либан, велат тие.

НАСА бара поевтин начин за земање примероци од Марс: Мисијата е прескапа и неефикасна

НАСА бара поевтин, поедноставен пристап кон еден од нејзините најголеми научни приоритети - носење на Земја на скапоцени примероци од почвата собрани на Марс, соопштија претставници на американската вселенска агенција.

Официјален повик за предлози ќе биде испратен денеска до различни центри и лаборатории на НАСА, како и до компании од вселенската индустрија, со цел да се реконструира програмата во услови на ограничувања на трошењето и зголемување на трошоците, соопштија директорите на НАСА, а пренесува Ројтерс.

Претставниците на Агенцијата во конференциска врска со новинарите рекоа дека очекуваат да бидат поднесени алтернативни планови оваа есен или почетокот на зимата.

Помошникот администратор на НАСА, Ники Фокс, рече дека плановите ќе се фокусираат на „иновации и докажана технологија“, наместо на нови технолошки скокови, како дел од намалувањето на ризикот и трошоците.

Повикот за редизајн на стратегијата за носење на примероците од Марс доаѓа по независниот преглед нарачан од НАСА во септември минатата година, по што заклучиле дека мисијата од самиот почеток следела нереални буџети и очекувања.

Анализата покажала и дека организацијата на мисијата е гломазна и дека не се спроведува ефикасно.

притисни ентер