Воен хеликоптер се урна врз зграда во Истанбул (ВИДЕО)

Хеликоптер на турската армија попладнево се урна во резиденцијалниот дел на Истанбул, а во несреќата загинаа четири војници.

Хеликоптер се урна во густо населен дел на Истанбул , потврди градоначалникот Али Јерликаја.

Хеликоптерот паднал поради принудно слетување , откако пријавил технички проблем.

Четворица војници загинале во падот на хеликоптерот , а за сега не е познато дали има повредени цивили.

Тензична расправа за имунитетот на Вељаноски

Екс министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски се во „Шутка“, а дали и каква мерка ќе добие осомничениот Трајко Вељаноски, ќе се знае откако Собранието ќе одлучи дали ќе му го симне имунитетот на кој се повика.

 Собраниската комисија за мандатно-имунитетни прашања е во тек, ја следи Јулијана Николовска.

Знаеме дека е присутен и самиот Вељаноски, каква е атмосферата на седницата?

Кога може да очекуваме конечна одлука на Собранието за имунитетот на Вељаноски?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

Депресијата е најчеста причина за самоубиства

Во Македонија во пораст се обидите за самоубиство. На годишно ниво се движат од 110 до 120. 

Дел од обидите се неуспешни и пациентите се спасени на клиниката за токсикологија, но лекувањето треба да продолжи на клиниката за психијатрија. Често но не и секогаш исчезнувањата на грѓаните завршуваат со самоубиство. Психијатрите велат дека Македонија во однос на останатите земји во Европа има ниска стапка на самоубиства. Но дека се уште е тајна да се разговара за проблем во семејството доколку некој посегнал по својот живот.

За социолозите човек се раѓа во група, секое изолирање од неа, секое чувство дека сте непотребен создава депресија. Многу често заминувањето и исчезнувањето, а потоа се дознава за смртта на човекот се отвораат прашањата колку можело нешто да се направи.

Големо влијание имаат и социјалните мрежи создавањето на паника и страв, велат социолозите. Деновиве се создаде страв околу исчезнувањето на луѓе и поврзување со киднпирања и убиства. Од МВР ги демантираа наводите дека на некој од исчезнатите им недостасувало органи. Секој од случаите се излорини и состојбата на смртта била предизвикана од различни фактори.

Ципрас: Традиционалната новогодишна пита во грчкото МНР задоцни поради Договорот од Преспа

Со оправдано задоцнување, денеска беше пресечена и поделена традиционалната новогодишна пита.

Со оправдано задоцнување, како што истакна грчкиот премиер, токму поради обврските што произлегоа од "еден од најважните и историски договори", во Министерството за надворешни работи на Грција, денеска беше пресечена и поделена традиционалната новогодишна пита, јави дописничката на МИА од Атина.

На присутните во грчкото МНР им се обрати Алексис Ципрас, кој се заблагодари меѓу другото и за "придонесот за историскиот Договор од Преспа" и рече дека е оправдано што новогодишната пита се дели на крајот на февруари.

-Сепак никој нема поплаки бидејќи работата што ја направи Министерството за надворешни работи во изминатиот период и многу важниот придонес за улогата на татковината на меѓународно поле, го оправдува ова мало задоцнување, бидејќи не можевме да делиме пити во моментот кога беше во тек еден од најважните и историски договори кои ќе ја означат надворешната политика на земјата и веќе ја имаат надградено улогата на нашата надворешна политика, рече грчкиот премиер во кусото обраќање во грчкото МНР, пренесе МИА.

Во присуство на шефот на дипломатијата, Јоргос Катругалос, неговите заменици, Маркос Боларис и Теренс Куик, алтернативната министерка Сиа Анагностопулу, како и дипломати и вработените во Министерството за надворешни работи, но и новинарите, грчкиот премиерот Алексис Ципрас, ја пресече и подели новогодишната пита со паричка. Среќникот, кој ќе добие три слободни денови, беше советникот за надворешна политика на Ципрас, Евангелос Калпадакис. /МИА

притисни ентер