Средба Џафери-Церар: Време е да се искористи овој историски момент

Во рамки на официјалната посета на Република Словенија, претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, се сретна со министерот за надворешни работи на Република Словенија,  Миро Церар.

На почетокот на средбата, министерот Церар изрази задоволство што неколку месеци по неговата официјална посета на Република Македонија има чест да го прими претседателот Џафери во неговиот кабинет и тоа во историски момент за нашата земја, во пресрет на утрешната ратификација на Протоколот за членство во НАТО од страна на Република Словенија. Тој истакна дека Република Словенија безусловно ја поддржува Република Македонија во сите нејзини напори на билатерален и мултилатерален план уште од нејзината независност.Тој укажа дека во таа насока ќе продолжи и во иднина особено кога станува збор за отпочнувањето на процесот за преговори за членство во Европската унија. 

Претседателот Џафери изрази благодарност за поддршка од Република Словенија и притоа изрази задоволство од продуктивната заедничка соработка. Тој истакна дека Република Македонија и покрај тоа што беше оценета како земја која ги исполнува стандардите за членство во НАТО уште од 2008 година, поради спорот со името, долго стоеше пред вратите на НАТО и Европската Унија. Во продолжение претседателот потенцираше дека парламентарното мнозинство и Владата успешно ги надминаа отворените прашања со соседите, при што беа затворени две прашања: со Република Грција и Република Бугарија. Сега се очекува со ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО од страна на националните парламенти од земјите членки, најдоцна до почетокот на 2020 година да станеме членка на НАТО.

Министерот Церар потенцираше дека примерот на Република Македонија во насока на унапредување на односите со соседите и надминување на отворените прашања на мирен и конструктивен начин е позитивен како за целиот регион така и за идните генеарции затоа што ќе им овозможи да живеат во мирна и безбедна средина, интегрирана во НАТО и ЕУ.

Претседателот Џафери истакна дека парламентот работи посветено во насока на исполнување на сите неопходни реформи со активна вклученост на  опозицијата. Тој го потенцираше позитивниот извештај од страна на Европската комисија и одредувањето на датум за преговори од страна на Советот на ЕУ. Исто така претседателот Џафери го запозна министерот со актуелните активности во Собранието, при што истакна дека во моментов во нашата земја се одвива процесот на скрининг, по што следи и усогласувањето на домашното законодавство со тоа на ЕУ. Претседателот Џафери потенцираше дека сега е време да се искористи овој историски момент и да продолжиме понатаму да работиме во насока на зајакнување на економијата, подобрување на благосостојбата на граѓаните, квалитетот на образованието, здравството и сите други аспекти кои го засегаат секојдневниот живот.

На крајот на средбата, двајцата соговорници истакнаа дека е потребно да се зајакне меѓусебната поддршка и да се продлабочи соработката меѓу двете земји во повеќе области преку размена на искуства и заемни посети. 

Масовен погреб во Шри Ланка – ИД ја презеде одговорноста за масакрот (ВИДЕО)

Исламската држава ја презеде одговорноста за терористичките напади во кои загинаа 321 лица во Велигденскиот масакр.

Нема докази дека токму тие се организатори на масакрот , а инфорамцијата ја објави нивниот сајт Амак. Според министерот за одбрана на Шри Ланка , нападот е одмазда за терориастичкиот напад во Крајстчрч , на Нов Зеланд. За нападот се опдговорни две исламистички групи , National Thawheed Jama'ath (NTJ) и  Jammiyathul Millathu Ibrahim.

Бројот на жртвите достигна 321 , а меѓу нив има 45 деца. Над 500 лица со тешки повреди сеуште се во болниците во Коломбо. Во земјата е прогласен ден на жалост , како и вонредна состојба .

На 35 километри од главниот град , во близина на црквата каде беше извршен еден од нападите, беше одржан и масовен погреб за загинатите.  

Исчезната 56-годишна жена од Кривопаланечко

Исчезната е 56-годишна жена, жител на селото Мождивњак, Кривопаланечко. 

Случајот го пријавила во полиција  нејзината снаа во текот на вчерашниот ден, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

– Во Полициската станица денеска во 20:20 часот од општа надлежност, Крива Паланка, 52-годишната Л.М. од сели Мождивњак, Кривопаланечко, пријавила дека од семејната куќа се оддалечила нејзината золва Г.С., на возраст од 56 години, информира Живкица Чавдаревиќ, портпарол на СВР Куманово.

Според досегашните сознанија на полицијата, лицето и претходно се оддалечувало и се враќало во домот. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

СДСМ: Стравот од дебакл во втор круг кај ВМРО-ДПМНЕ е голем колку и нивните лаги

Стравот на ВМРО-ДПМНЕ од дебакл во вториот круг е голем колку и нивните лаги, реагираат од СДСМ на прес конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол за криминали, одговорна за најголемиот скандал за прислушување на граѓаните и упад во приватноста лажно обвинува.

СДСМ јавно ги демантираше лагите дека постои апликација која собира податоци, лични информации, видеа, фотографии или активност на интернет од граѓаните и ги повика сите институции да го потврдат тоа.Дирекција за заштита на лични податоци веќе направи инспекциски надзор и очекуваме за тоа да ја информира јавноста.

Предупредивме дека ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и тимот на Сиљановска треба да знаат дека лажното пријавување е кривично дело.

Бидејќи лагите на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат, СДСМ најавува соодветни пријави пред надлежните правосудни органи.

Вистината е најсилен демант на лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ.

притисни ентер