СБ: Потребно е зголемување на возраста на пензионирање

И во најновиот извештај Светска банка останува на ставот дека е потребно зголемување на возраста на пензионирање во Македонија.

Стареењето на населението и предвремените пензионирања, во комбинација со дополнителните зголемувања на пензиите доведоа до трошење на средства за пензии кое е поголемо од 10 проценти од БДП. Од Банката потенцираат дека неодамна усвоените пензиски реформи би требало да го стабилизираат системот но само на  краток рок.

При тоа посочуваат дека во изминатава деценија е дојдено до влошување на финансирањето на пензискиот систем, бидејќи наместо да се спроведуваат дополнителни реформи во области што се клучни за пензискиот систем, властите се впуштиле во дополнително зголемување на пензиите.Ваквите политики доведоа до зголемување на расходите за пензии и до растечки дефицит“ - стои во извештајот.

Јанева се очекува да биде спроведена во Кривичниот суд

По Специјалното јавно обвинителство, се очекува Јанева да биде спроведена и пред Кривичниот суд пред судија на претходна постапка, кој ќе одлучува за побараниот притвор од обвинителството.

Пред Кривичниот суд е Јован Ѓорговски.

Јован кои се последните информации што ги имаме.

Целиот извештај погледнете го во видеото.  

Трамп ја откажа посетата на Данска зашто Гренланд не е на продажба

Американскиот претседател Доналд Трамп ја откажа посетата на Данска, само затоа што оттаму го доби одговорот дека Гренланд не е на продажба.

Колку некој и да веруваше дека изјавите на Трамп дека е заинтересиран да го купи Гренланд, се само невкусен хумор, со денешниот негов Твит се чини ѓаволот ја однел шегата.

„Данска е многу посебна држава со неверојатни луѓе,но поради изјавата на премиерката Мете Фредериксен, дека не е заинтересирана да разговара за продажба на Гренланд, ја одлагам за некое друго време нашата средба ,планирана за две недели“ .Напиша Трамп на Твитер, а ова подоцна го потврди и портпаролот на Белата куќа. одлуката на Трамп да ја одложи посетата на данска, портпаролката на кралското семејство ја оцени како изненадувачка , но и дека на оваа тема немаат што повеќе да додадат.

Данската влада во петокот  излезе со контра понуда,тие да ги купат САД. „ ,,Забележавме дека за време на режимот на Трамп, речиси сè во Соединетите Држави, вклучувајќи ја и нивната влада, дефинитивно е на продажба.“ Данска би била заинтересирана да ги купи САД во целост, со исклучок на нивната влада“ се пошегува портпаролот на владата во Копенхаген.

Премиерот на Гренланд пак  Ким Килсон очигледно се согласува со ова, потсетувајќи ги локалните новинари дека еден Викинг - Леиф Ериксон - ја открил Северна Америка пред Колумбо. Таткото на Ериксон, Ерик Црвениот, бил тој што го населил Гренланд.Затоа, сосема е природно ние да си ги вратиме Соединетите Држави“, изјавил Килсон.

Претходно  данската премиерка не ги земаше за сериозно изјавите на Трамп, но во една прилика не пропушти да каже дека данска не планира да го продава Гренланд.

-Гренланд не е на продажба, Гренланд не е Дански.Гренланд му припаѓа на Гренланд. Се надевам дека тоа не е мислено за озбилно,изјави Мете Фредериксен.

Покрај официјалните претставници, ниту граѓаните на Гренланд не ги дочекаа со воодушевување намерите на американскиот претседател.

-Тоа е лудо

„Мислам дека е лудо-лудо е зашто не е вистинската личност да купи земја како Гренланд, втор по големина остров во светот, никој не би го купил да прави храна овде туку поради минералите,како што знаете“.

-Не можеш..извини..ова се луѓе,земја, култура..

Но, зошто Гренланд до скоро восприеман само како леден остров,стана стратегиска точка на интерес за Соединетите американски држави. Распослан на територија од над два милиони километри квадратни, од која 80 проценти се под вечен мраз. Гренланд важи за недопрена област која изобилува со реткиот  елемент ураниум, дијаманти, злато,цинк, гас и нафта. 

Претседателот Трамп пред три недели изјави дека стратегиски за американските интереси е сад да го купат Гренланд зашто таму има што да се направи.

-  Данска во суштина го поседува ,ние сме  многу добри сојузници со данска .ние ја штитиме како што штитиме големи делови од светот .значи концептот излезе и реков,, секако“.стратегиски е интересно и сме заинтересирани. Малку ќе разговараме со нив. многу работи може да се направат. Всушност тоа е голема зделка со недвижнини. многу работи може да се направат изјави Трамп.

Она што е интересно е што во минатото сад во два наврати сакале да го купат Гренланд. Во 1867 кога интерес за тоа пројавил тогашниот државен секретар, Вилијам Стјуарт  и подоцна во 1946 за време на претседателот Хари Труман  кога биле понудени 100 милиони долари.

На Гренланд се наоѓа најсеверната американска воена база Туле  која е дел од светската мрежа на радари за рано предупредување  од балистички ракети и за надгледување на вселената. 

Инаку Гренланд од 1956 година е автономна област под данска населен е со  автохтона популација која брои околу 56 илјади жители.

ОЈО: Јанева е осомничена за злоупотреба на службена положба и овластувања

Во  Основното јавно обвинителство, пред малку заврши прес-конференцијата на обвинителите Јовевски и Русковска, кои официјално го потврдија статусот осомничен за Јанева.

Во Обвинителството е Михаела Димовска.

За што се се сомничи специјалната јавна обвинителка?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

притисни ентер