Објавено е колку заработуваат врвните тенисери - Федерер на врвот

Најдобриот тенисер на сите времиња, Роџер Федерер последните години одбира турнири, на кои ќе настапи.

И покрај тоа што има 37 години, Швајцарецот и натаму е меѓу врвните тенисери. Понекогаш настапува и на помали турнири, се разбира за соодветна цена за настапот.

Големи ѕвезди се и Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, но според организаторите на турнирите, Федерер со сигурност ги полни турнирите.

Затоа , според тениските коментатори на Еуроспорт, Арно ди Пасквале и Беноа Мајлин, Федерер а најплатен тенисер.

„Федерер бара милион евра од настап. Така лани освен вообичаените, настапи и на турнирите во Штутгарт, Базел и Дубаи. Надал и Ѓковиќ се нешто поскромни, наплатуваат по 880 000 евра.”, открија коментаторите.

Познати осминафиналните дуели во Лига Европа

Познати се осминафиналните натпревари во второто по квалитет европско  фудбалско натпреварување Лига Европа.

Најинтересно  се очекува да биде на  пресметките Челзи – Динамо Киев,  Ајнтрахт Ф. – Интер.

Тимот на нашиот репрезентативец Адеми, Динамо загреб за место во четврфиналето ќе игра против португалскиот гигант Бенфика.

Во другите осминафинални средби ќе играат:

Наполи- Салзбург

Валеснија – Краснодар

Севиља – Славија Прага

Арсенал – Рен

Зенит – Виљареал

Мечевите од 1/8 финалето во Лига Европа се играат на 7 и 14 март, четврфиналето е на 11 и 18 април, полуфиналето на 2 и 9 мај, а големото  финале на Олимпискиот стадион во Баку е на 29 мај.

Нант казнет поради навивачите кои му оддаваа почит на Сала

Навивачите на Нант , тимот на трагично загинатиот фудбалер Емилијано Сала , посветија повеќе кореографии на првиот натпревар на домашен терен по несреќата.

Денеска дисциплонската комисија на француската Лига 1 реши жестоко да го казни клубот , предводен од Вахид Халилхоџиќ. Се казнува поради запалените факли од страна на навивачите со кои се простија од Сала.

Нант е казнет парично со 20 000 евра , а со нешто над 16 000 и за наптреварот против Сент Етјен , прв натпревар одигран по исчезнувањето на Аргентинецот.

Јавноста е згрозена од казните , зашто не станувало збор за никакви насилничко однесување или за повреда на дисциплина , туку за почит кон Сала.

Тој загина во авионска несреќа на 21 јануари , на враќање од Нант каде се простил од соиграчите пред да почен да настапува за Кардиф.

Навивач на Манчестер Сити во критична состојба по мечот со Шалке

Манчестер Сити со голем пресврт синоќа го победи Шалке со 3: 2 и се приближи до четвртфиналето на Лигата на Шампионите.

Но , инцидент по натпреварот го помати славјето. Неименуван навивач на англискиот клуб бил нападнат веднаш по натпреварот. Не е познат ниту напаѓачит , ниту детали како се случил. Тој со тешки повреди е префрлен во болница и се наоѓа во животна опасност.

,, Манчестер Сити е свесен за наводниот напад кој вчеравечер се случил на Велтинс Арената. Клубот соработува со полицијата од Манчестер и со германската полиција , за да дознаеме повеќе информации. Штабот на клубот остана во Германија за да му пружи поддршка на семејството на повредениот навивач , кој се наиѓа во критична состојба. “ , се наведува во соопштението од Манчестер Сити , во кое се апелира до сите кои знаат повеќе детали за инцидентот да ја контактираат полицијата.

притисни ентер