Канадски тинејџер возел Ауди со 246 км/час , полицијата драстично го казнила (ВИДЕО)

Полициската патрола во канадската област Онтарио уапсила 19 годишно момче кое возело Ауди со 246 км/час.

Драстично пречекорената брзина не се толку честа појава во Канада , така што на момчето му е одредена драконска казна. Тој во полицијата се правдал дека возилото го позајмил од пријател за да го испроба.

Но , тоа не помогнало. Автомобилот му е одземен , остана и без возачка дозвола , а му се заканува и затворска казна од најмногу 10 години.

Со оглед дека не е направена штета при возењето , најверојатно нема да ја добие максималната затворска казна , а автомобилот му е одземен на најмалку една недела. Полицијата не го соопштува идентитетот на момчето.

Медицинските сестри кои сакаат да работат во службите за патронажна дејност до 30 јуни да достават писмо за интерес до МЗ

 Министерството за здравство соопшти дека сите заинтересирани медицински сестри, кои имаат интерес да бидат ангажирани и да работат во службите за патронажна дејност да се пријават до 30 јуни, со доставување писмо за интерес до Министерството.

Согласно Законот за здравствената заштита, како што се наведува, на јавниот повик можат да се пријават сите заинтересирани медицински сестри со завршено средно, вишо или високо образование во траење од три години, пробна работа и положен стручен испит. Работата во траење од шест месеци ќе се спроведува во јавните здравствени установи – здравствени домови и општи болници со проширена дејност што вршат дејности од примарна здравствена заштита и во единиците во кои се врши дејноста.

За пријавување на јавниот повик потребно е да се достави писмо за интерес, во кое задолжително треба да се наведат: име и презиме, адреса на живеење, контакт-телефон и адреса на електронска пошта (мејл-адреса), копија од дипломата за завршено образование, копија од положениот стручен испит и јавната здравствена установа за која се изразува интерес според местото на живеење.

Пријавата, заедно со документацијата потребно е да се достави во писмена форма до архивата на Министерство за здравство, ул. „50 Дивизија" бр.14, 1000 Скопје, најдоцна до 30 јуни со назнака: Јавен повик за изразување интерес за работа во службите за патронажна дејност за медицински сестри. Оваа мерка се спроведува со цел зајакнување на службите за патронажна дејност во рамки на здравствените домови и општите болници со проширена дејност, стои во соопштението. 

Видео: „Жешкиот“ танц на Карди Б во скутот на свршеникот

Контроверзната раперка и пејачка Карди Б уште еднаш го покажа својот сексапил. Карди го импресионираше својот свршеник со „жежок“ танц во скут пред публика.

Американската пејачка ги воодушеви сите , посебно својот свршеник на доделувањето на БЕТ наградите.

Со танц во скут Карди облечена во секси комбинезон го заведе својот свршеник и ја подигна температурата до максимум.

Фото: Масовно капење во фонтаните во Париз

Топлотниот бран која ја погоди Франција во поедини делови од земјата ја искачи живата во термометрите и над 40 степен Целзиусов.

Граѓаните спасот од топлото време го побараа во градските фонтани.

Ладната вода во градските фонтани  послужи како идеално место за  спас од сонцето и топлото време.

Вака беше на улиците низ Париз.

притисни ентер