Мишел Обама во центарот на вниманието на Греми (ВИДЕО)

Поранешната прва дама на САД , Мишел Обама ,ги изненади госите на доделувањето на наградата Греми , кога се појави на сцената.

Публиката толку гласно ја поздрави , што Мишел мораше да одржи кус говор. Позната по добриот вкус , Обама беше облечена во светкав костум и с епојави на доделувањето на наградата на сцената заедно со Алисија Кејс, Лејди Гага , Џад Пинкет Смит и Џенифер Лопез.

,,Имаме шоу за да го одработиме . “ , на општо одушевување на публиката по што одржа говор за влијанието кое музиката го имала врз неа.

,,Без оглед дали сакаме кантри , рап или рок , музиката ни помага да ја споделуваме нашето достоинство и тага , надеж и радост. Ни овозможува да се слушнеме меѓусебе , да се повикаме внатре. Музиката ни покажува дека се е важно , секоја приказна со секаков глас , секоја нота на секоја песна. Нели е така , дами? “ , рече Мишел во говорот.

По завршувањето на свечениоста Мишел Обама на Твитер објави дека сакала да биде со Алисија Кејс на нејзината голема прослава.

Заведува со поглед: Погледнете го ова драматично издание на Адриана Лима

Синоќа в о Лос Анѓелес е одржана гала вечерта „Hollywood For Sience” на која се појави и некогашната главна манекенка на Викторија сикрет, Адриана Лима.

Лима (37) се појави во необичен асиметричен фустан со неонски бои и уште еднаш го потврди овој тренд во модата.

Несекојдневниот краток фустан го искомбинира со проѕирни црни штикли, а драматичниот изглед го нагласи со мачкестиот ајлајнер кој допринесе Лима да изгледа многу упадливо.

Фустанот е креација на Дејвид Коме и во слободната продажба чини нешто помалку од две илјади фунти.

Foto: Getty

Видео: По 38 години повторно најдена најголемата пчела на светот

Најголемата пчела на светот е повторно пронајдена во Индонезија, откако 38 години се сметаше за исчезната.

Се работи за  Валасовата џиновска пчела, чиј примерок, последен пат бил забележан во 1981-та година. Голема е колку палец на возрасен човек и е пет пат поголема од домашната пчела.

 Ја пронашол тим од јужноамерикански и австралиски биолози, сместена во гнездо на термити на дрво.

- Беше неверојатно да се види овој летечки булдог од светот на инсектите, за кој не бевме сигурни дали се уште постои, да се види колку е навистина голем, изјавил фотографот Клеј Болт.

Единаесет новозаболени од морбили, тројца хоспитализирани

Единаесет новозаболени од морбили се регистрирани вчера, од кои тројца се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести.

Останатите осум се амбулантски прегледани и пуштени на домашно лекување, информираат од таа јавна здравствена установа.

Меѓу хоспитализираните е осуммесечно бебе од Тетово невакцинирано со бронхопневмонија, 26-годишна пациентка од Тетово вакцинирана со една доза и 36-годишна пациентка од Тетово без податок за вакцинален статус со бронхопневмонија.

На Клиниката има 26 пациенти со морбили и компликации од кои 10 се возрасни, а 16 се деца.

Од осумте заболени кои биле амбулантски прегледани и пуштени на домашно лекување, две се деца на возраст од една и пол година и 14 години од Скопје, а едно е петмесечно бебе од Гевгелија, кои се невакцинирани. Останатите заболени кои биле амбулантски прегледани и пуштени на домашно лекување се на возраст од 21 до 36 години и за најголем дел од нив нема податок за вакцинална покриеност, посочуваат од Клиниката. 

притисни ентер