Линдзи Вон со стил го напушти скијањето (ВИДЕО)

Најдобрата светска скијачка , Линдзи Вон , во стилот на актерката Шерон Стоун се прости од скијањето.

На последната трка во кариерата , на Светското првенство во Шведска освои бронза во спуст. Вон е родена 1984 година во Минесота , а почна дас е натпреварува на само седум гпдишна возраст.

На 14 години стана прва Американка , која го освои италијанскиот торфеј Тополино , а крајот на кариерата го одбележа и бронзениот медал на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг минатата година.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Smolder or blue steel? @sportsillustrated @therock

A post shared by L I N D S E Y • V O N N (@lindseyvonn) on

Со 82 победи Линдзи го држи рекордот според бројот на победи во Светскиот скијачки куп , како и според кристалните глобуси , вкупно 20. Важи за една од најубавите жени на светот и убедливо најубава скијачка.

Таа редовно го привлекува вниманието со својот сексепил и смелите комбинации на големите свечености. Беше во брак со скијачот Томас Вон , чие презиме се уште го носи иако бракот не траеше долго.

Пред седум години беше во врска и со Тајгер Вудс , со кого три години се забавуваше , но врската пропадна , наводно поради излетите на шампионот во голф.

Кинијакис и Андре победници на првиот ЛЕН Куп на отворени води во Охридското Езеро

Харалампос Атанаикос Кинијакис од Грција во машка и Анжелика Андре од Португалија во женска конкуренција се победниците на првиот ЛЕН Куп на отворени води на десет километри, во Охридското Езеро.

Кинијакис кружната патека долга десет километри ја исплива за време од 1:47:04:05 часа, пред второпласираниот Даниел Шекељи од Унгарија (1:47:08:03) и Јувал Сафра од Израел кој како трет ја заврши трката со време 1:47:09:01 часа.

Во женска конкуренција најдобра на десетте километри беше Анжелика Андре од Португалија која патеката ја исплива за 1:55:46:86 часа, пред второпласираната Џиневра Тедеучи од Италија (1:55:47:07) и Ангела Мауер од Германија која целната линија ја мина како трета за време од 1:57:20 часа.

Трката во Охрид е четврта од серијата пет што се пливаат во рамки на квалификациите за олимписката дисциплина пливање на десет километри, заедно со оние во Израел, Франција, Шпанија и Данска.

Согласно пропозициите на ЛЕН, најдобрите тројца пливачи на денешната трка ќе делат награден фонд од 10.000 евра, односно за парични награди од по 2500, 1.500 и 1.000 евра за тројцата најдобри во двете категории. Инаку, шестемина најдобропласирани натпреварувачи, по тројца во машка и во женска конкуренција на петте трки во рамки на ЛЕН купот, обезбедуваат учество во претквалификациската трка за учество на наредните Олимписки игри. 

Во водите на Охридското Езеро ќе се плива десеткилометарска трка во рамки на Европскиот ЛЕН куп

Дваесет маратонци во машка и седум во женска категорија од девет европски држави ќе учествуваат на првата трка на десет километри во водите на Охридското Езеро, што ќе се одржи утре во организација на Лигата на европските нации (LEN).

Како што беше истакнато на денешната прес-конференција, за првпат од осамостојувањето во Охридското Езеро ќе се плива трка на десет километри, во рамки на серијата од пет трки што се квалификации за олимписката дисциплина пливање на десет километри. Република Северна Македонија од оваа, па наредните пет години ќе биде дел од петте квалификациски трки што се одржуваат уште во Израел, Франција, Шпанија и Данска.

– Без трка рангирана како официјална олимписка дисциплина не можеме да зборуваме дека сме дел од официјалното светско пливање. Од оваа година сме официјално дел од европскиот куп, во конкуренција на 53 држави во Европската пливачка федерација, истакна Александар Маленко, претседател на Пливачката федерација на Северна Македонија.

Според Хадар Бендрор од Европската ЛЕН федерација, исполнети се предусловите за одлично организирана трка.

– Задоволни сме од листата пријавени пливачи, имаме одлични натпреварувачи, очекуваме извонредна трка. Покрај убавината на езерото и чистата вода, мора да ја посочиме и одличната организација на настанот, благодарение на ентузијазмот на домашниот партнер, рече таа изразувајќи уверување на успешна натамошна соработка.

За квалитетот на утрешниот, според календарот претпоследен пливачки куп во Охрид, најдобро зборува податокот дека ќе пливаат четворица маратонци во машка и двајца во женска конкуренција кои беа меѓу дваесетте учесници на трката на десет километри на неодамна одржаното Светско пливачко првенство во Гуанжу.

– Драго ми е што за прв пат нашата држава ќе има тројца учесници во олимписка дисциплина на официјален европски ЛЕН куп, и тоа Евгениј Поп Ацев, Александар Илиевски и Давор Петровски, рече Маленко.

На стартот на пливачката трка во Охрид утре точно на пладне ќе ја видиме и Ангела Маурер, прогласена за кралица на далечинско пливање на отворени води, учесник на две олимпијади, двократен европски и светски шампион.

Согласно пропозициите на ЛЕН, за најдобрите тројца пливачи на утрешната трка во двете категории обезбедени се парични награди од по 2.500, 1.500 и 1.000 евра.

Инаку, шестемина најдобропласирани натпреварувачи, по тројца во машка и во женска конкуренција на петте трки во рамки на ЛЕН купот, обезбедуваат учество во претквалификациската трка за учество на наредните Олимписки игри./МИА

Кичевката Емини потпиша Договор со германскиот женски фудбалски клуб „Бохум"

Седумнаесетгодишната фудбалерка Леутриме Емини од Кичево, која со родителите живее во Германија, потпиша Договор со германскиот женски фудбалски клуб „Бохум", каде ја почна фудбалската кариера.

За неа се заинтересирале и од косовскиот национален тим односно челниците на ФФК, поканата била прифатена и таа веќе има неколку настапи за Косово за тимот У-19. Емини вели дека не била контактирана од челниците на нашиот национален тим за настап за соодветната селекција на ФФМ.

– Со задоволство ја прифатив понудата за да настапам за најновата членка на ФИФА и УЕФА, селекцијата на Косово, вели Емини, која е првата кичевчанка која настапува за член на Бундес лигата за јуниори на Германија во женски фудбал. /МИА

притисни ентер