Премиерот Заев на средба со членовите на ДИК

Зголемена транспарентност и ефикасност на ДИК ја оправдува довербата за организирање фер и демократски избори, било речено на средбата.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, придружуван од Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, денеска, се сретна со членовите на Државната изборна комисија (ДИК), предводени од нејзиниот претседател Оливер Деркоски.

Според соопштението од Владата, на средбата, се разговараше за тековни прашања поврзани со подготовките на сите потребни услови за успешна реализација на претстојните претседателски избори и предвремени локални избори во трите општини, Дебар, Охрид и Ново Село.

„Владата дава принципиелна поддршка, согласно законските овластувања, да обезбеди реализација на законските потреби на Државната изборна комисија, затоа што организирани слободни и фер избори се врвна демократска придобивка,  се јакне демократијата и се отстрануваат сомнежи за какви било нерегуларности“, рече премиерот Зоран Заев на средбата со членовите на ДИК.

Претседателот на ДИК, Деркоски и членовите на Комисијата посочија дека таа работи професионално и го информираа премиерот Заев за преземени активности, меѓу кои активна и ефикасна едукација на членовите на Избирачките одбори, како и на Општинските изборни комисии со цел навремено, достоинствено и целосно да одговорат на законските обврски пред граѓаните.

„Максимално сме посветени, со зголемен интензитет на ангажирање на луѓе и логистика, согласно законските прописи, да ги оствариме приоритетите и целите за реализација на фер и демократски избори“, нагласи претседателот на ДИК,  Деркоски. 

На работната средба, сите учесници се согласија дека одржувањето на избори е тест за политичката зрелост на државата и изразија подготвеност и посветеност за максимална транспарентност, почит и кредибилитет на претстојните претседателски избори и локални избори во три града во државата. 

Врнежи до задутре, од сабота нов влажен бран

За денеска се најавени врнежи од дожд, пообилни  во западните и јужните делови, каде се очекуваат над 25 литри дожд на метар квадратен. 

Преодно стабилизирање на врнежите од дожд кои од попладне на планините и на некои повисоки места ќе преминат во снег ќе има задутре, а в петок кон крајот на денот и в сабота се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег, покажува прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

За денеска се најавени врнежи од дожд, пообилни  во западните и јужните делови, каде се очекуваат над 25 литри дожд на метар квадратен. Попладне и во текот на ноќта на планините и на некои повисоки места тие ќе преминуваат во снег.  Ќе дува слаб доумерен, кон крајот на денот повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од пет до 11 степени

Утре времето ќе биде претежно облачно и постудено со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег, особено претпладне.Преодно стабилизирање ќе има в четврток, а во петок кон крајот на денот и во сабота се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег, стои во прогнозата на УХМР.

Минимални температури до минус три степени се очекуваат в  четврток и в петок, а дневните ќе се искачат до 11 односно 13 степени.

Пленарната седница за Буџетот на 16 декември, годишното обраќање на Пендаровски на 18-ти

Ова било договрено денеска на редовната средба на координаторите на пратеничките групи со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Собраниската седница за Буџетот за наредната година ќе почне на 16 декември. Парламентот за утре има закажано уште една редовна пленарана седница, а на 23 декември најверојатно ќе има уште една на која треба да бидат разгледувани заостанати закони и закони кои допрва пристигнуваат во собраниската архива.

Ова било договрено денеска на редовната средба на координаторите на пратеничките групи со претседателот на Собранието Талат Џафери.

До крајот на годината се закажани уште две седници и тоа на 18 декември на која ќе биде редовното годишно обраќање на претседателот на државата Стево Пендаровски, и на 26 декември, кога ќе биде последната седница за поставување пратенички прашања за годинава.

Во Собранието денеска има закажано повеќе комисиски седници, но почетокот на најголем дел од нив доцни по повеќе од еден час. Причина за тоа, како што велат пратениците, е координацијата на пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и тоа што поради закажаните седници на повеќе комисии пратениците не можат да стасаат да присуствуваат на некои од нив па се чека за кворум.

Истовремено, како што наведуваат од Собранието, до законодавниот дом се пристигнати или пристигнуваат и нови законски предлози од Владата. Голем дел се усогласувања со новиот закон за прекршоци. Се уште нема информација за тоа за колкав број закони станува збор. 

Дане Талески кандидат за амбасадор во НАТО

Советникот за надворешна политика на премиерот Зоран Заев, Дане Талески е кандидат за амбасадор во НАТО, потврдија владини извори.

Кандидатурата на Талески, министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе ја достави на владина седница в четврток.

Амбасадорското место во НАТО досега не беше пополнето, а Заев и Димитров изминатиот период говореа дека во моментов кога земјата е пред прагот на полноправно членство во Алијансата, пополнувањето на ова место е клучно.

Земјава се очекува мошне брзо да стане и официјална членка на НАТО, уште една ратификација, онаа на шпанскиот Парламент ја  делат од полноправното членство.

притисни ентер