Се уште преговараат, но остануваат на ставовите дека законот за зелени пазари кој е одложен во рок од една година - е штетен и дискриминирачки.
Тврдат дека досега немале никаква средба со надлежните. Преку иницијатива во Уставниот суд ќе ја преиспитуваат и уставноста на законот, кој беше донесен по скратена постапка.
Министерот за економија уверува дека преку разговор со сите засегнати страни ќе се најде заедничко решение.
Законот ги крена на нозе пазарџиите најмногу поради лиценците кои треба да ги плаќаат од 60 евра годишно, како и тоа дека - пензионерите, социјалците, стечајците и хонорарците , нема да можат да работат.