Комисија на министерството за култура утврдува можни пропусти во апликациите

Стручни комисии на министерството за култура ги “чешлаат” апликациите од годишниот конкурс за проекти од културата.

 Од министерството најавија дека доколку при повторната проверка се утврдат недоследности, одлуките за сите одбиени апликации ќе бидат поништени, а листата на поддржани проекти ќе биде дополнета.

Дел од одбиените уметници кои денеска беа во министерството, велат дека се увериле во пропустите и очекуваат нивна корекција.

Одлуката одбиените проекти да бидат повторно разгледани пред очите на јавноста дојде од министерот Асаф Адеми, кој кажа дека доколку се утврдат недоследности во постапките, ќе понесе и политичка одговорност.

Разгледувањето на одбиените апликации следува по лавината на реакции во јавноста за направениот избор на добитниците на годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2019 година. Слични реакции имаше и минатата година, за годишната програма на министерството, која во таа прилика беше обвинувана за селективност и партиски влијанија.

Штипјанец во заложништво држел жена и нејзините две малолетни деца

Дваесет и шест годишниот А.М од Штип заработи кривична пријава поради постоење  основи на сомнение дека сторил четири кривични дела, информираше денеска портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова. 

Тој во залошништво држел 24-годишна жена и нејзините две деца, истовремено извршил и обљуба врз неа, а нападнал и полициски службеник.

-Во временскот период од 11 април  до 22 април  пријавениот противправно ја држел оштетената Е.М. заедно со нејзините две малолетни деца во стан на улицата „Борис Крајгер" и во куќа на улица „Широк дол" во Штип, каде во повеќе наврати физички ја нападнал, а извршил и обљуба над оштетената. На 22 април околу 13.30 часот на ул „Широк Дол" во Штип, при вршење службени работи лишување од слобода на пријавениот, тој физички нападнал полициски службеник од Полициската станица Штип, вели  Панајотова.

Таа додава дека СВР-Штип до Основното јавно обвинителство има поднесено кривична пријава против А.М од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторил четири кривични дела и тоа „противправно лишување од слобода", „силување" „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста" и „загрозување на сигурноста". /МИА

Базен се излеа од висококатница за време на земјотресот во Манила (видео)

Базен, лоциран на врв од висококатница се излеа за време на вчерашниот силен земјотрес што ги погоди Филипините.

Според локалните медиуми, водата паѓала од базен, кој се наоѓа на врвот на висококатница та пентхаус во предградието на Манила.

Нема повредени во инцидентот, а во моментот на потресот во базенот немало капачи.

Во вчерашниот земјотрес од 6,3 рихтерови степени загинаа 11 луѓе

Кого ќе зафати „пролетното чистење“ во власта?

Неизвесноста со која што двајцата кандидати за претседател влегуваат во вториот круг ги „стресе“ партиските изборни штабови.

Незадоволни од неделниот резултат во СДСМ се бара одговорност, на итен состанок синоќа во партиското седиште се анализираа бројките.

Претседателот на социјалдемократите и премиерот, Зоран Заев веќе најави и кадровски промени во своите редови веднаш по изборите.

Најавата за „чистка“ доби експресна поддршка од симпатизерите, па на Заев симболично му ги обезбедија неопходните средства.

Опозицијата со реакции на најавата на Заев. Кандидатката за претседател на ВМРО ДПМНЕ на Твитер напиша „народот ќе ви ја испорача метлата на 5-ти мај“.

Лидерот на опозициската партија пак на Фејсбук коментираше „ не е до чистката, туку до тој што треба да исчисти, името му е Зоран Заев.

Бројките од неделата покажуваат дека незадоволството е големо и од власта и од опозицијата, цени политичкиот аналитичар Петар Арсовски.

Според него, власта причините за изборниот резултат и неостварување на проектираниот исход треба да ги бара не во спроведување на непопуларните одлуки, туку токму во недостигот на такви мерки.

Како дел од одговорни за освоените гласови се посочуваат и локалните власти и незадоволството на граѓаните од нивната работа.

Градоначалникот на Град Скопје вели одговорност ќе се понесе по изборите, но гласачите не треба да ја казнуваат државата поради нерешените локални проблеми.

притисни ентер