13 месечно дете почина од морбили на детската клиника

За неполни четири дена три деца починаа од морибили. 

Денеска уште едно дете на Клиниката за детски болести почина. Детето имало 13 месеци по потекло од тетовско, во овој случај детото немало хронични заболувања, тоа пред три недели било на клиниката заради ургентен преглед.

Епидемилозите апелираат друг начин на заштита од морбили нема освен имунизација, со ова темпо на вакцинирање епидемијата ќе ја има на долг рок, вели др. Караџовски.

За еден ден 5 нови случаи се потврдени со морбили, од стратот на епидемијата бројот на болни се зголеми за 220.

На Клиниката за детски болести 5 месечно бебе со морбили е во критична состојба, а пациенти со потешка клиничка слика со морбили има и на клиниката за инфективни болести.

Целосно затворен за сообраќај булеварот „Крсте Мисирков" кон Бит пазар

Делницата во правец кон Бит пазар, од крстосницата со бул.„Гоце Делчев" до клучка Детелинка од утре (22 август) од 8:30 часот до задутре (23 август) до 8:30 часот, ќе биде целосно затворена за сообраќај поради асфалтирање на бул.„Крсте Мисирков".

Автобуските линии што сообраќаат на овој потег ќе бидат пренасочени кон Скопски саем и клучка Континентал и назад кон клучка Детелинка, соопшти ЈСП Скопје.

Линиите 2, 16, 43 и 50 од крстосницата на бул. „Гоце Делчев" со бул. „Крсте Мисирков", наместо да свртат лево, ќе продолжат право кон Скопски саем и од постојката кај хотел „Континентал" ќе продолжуваат по своите редовни траси.

Линиите 8, 17, 19, 26, 57, 57А и 59 од крстосницата на бул. „Гоце Делчев" со бул. „Крсте Мисирков", наместо да свртат лево, ќе продолжуваат право кон клучка Континентал, од каде ќе излегуваат на бул. „Александар Македонски" и од клучка Детелинка ќе продолжуваат по своите вообичаени траси.

Линиите 9, 20, 35, 47, 47А, 61, 71 и 81 од крстосницата на бул. „Крсте Мисирков" со бул. „Гоце Делчев", ќе вртат десно кон Скопски саем, па кон клучка Континентал, од каде ќе излезат на бул. „Александар Македонски", а од клучка Детелинка ќе продолжуваат по своите вообичаени траси.

Линиите 45, 52, 53, 54, 55, 55В, 62, 63, 63А, 65, 65А, 65Б, 65В, 66, 66А и 68 од крстосницата на бул. „Крсте Мисирков" со бул. „Гоце Делчев", ќе вртат десно кон Скопски саем и од постојката кај хотел „Континентал" ќе продолжуваат по своите вообичаени траси.

Во обратен правец, посочените линии ќе сообраќаат по вообичаените траси, информираат од ЈСП Скопје. /МИА

Новите услови од „Купи куќа, купи стан" ќе ја стимулира продажбата на станови

Градежната комора на Македонија го поддржува проектoт „Купи куќа, купи стан" од почетокот на неговата промоција и смета дека со новите услови дополнително ќе влијае на стимулирање на продажба на нови станови за млади луѓе. 

Дополнително се поддржува пораст на градежниот сектор во делот на високоградба преку градење на нови станбени единици, задржување на постојните и генерирање нови вработувања, а со тоа ќе влијае врз пораст на целокупната економија.

Ова на денешната прес-конференција го соопшти претседателотот на Градежната комора на Македонија Ивица Јаќимовски. Посочи дека од овој проект корист ќе имаат и компаниите преку зголемената продажба на изградени висококвалитетни и енергетски ефикасни станови, младите луѓе кои, како што рече, со многу поволни услови ќе можат да дојдат до нов стан, како и локалната и централната власт.

Заменик-министерката за финансии Ширет Елези информира дека пристапиле кон подобрување на моделите за „Купи куќа, купи стан".

– Анализите покажаа дека поради поедноставената постапка, младите повеќе се заинтересирани за купување стан, особено оние што немаат почетен капитал или земјиште. Со цел да им ја обезбедиме потребната поддршка, креиравме нов модел „Купи стан за млади". Согласно со новите подобрени услови, младите до 35 години од државата ќе добијат до 70 отсто субвенции, значи се зголемува учеството на субвенцијата, на ратата и субвенцијата на учеството, рече Елези во Сојузот на стопански комори на Македонија.

Наведувајќи пример таа рече дека ако кредитот е во износ од 50 илјади евра, граѓаните од субвенцијата на ратата ќе добијат околу 11.900 евра, а ако пак е субвенција на учеството ќе добијат 8.750 евра. Елези потенцира дека каматните стапки за субвенциониран станбен кредит се едни од најниските што се нудат моментно.

Елези посочи дека граѓаните дополнително можат да аплицираат и за субвенциониран станбен кредит со намалени каматни стапки. Каматната стапка за моделот „субвенција на рата" за првите три години е намалена од првичните 3,9 на 2,9 отсто, а за третата и за четвртата година 3,9 проценти. Намалена е и каматната стапка за моделот „субвенција на учество". Таа изнесува четири отсто за цело времетраење од исплатата на кредитот зголемена за шестмесечен еуролибор.

– Дополнително, корисниците на субвенциониран станбен кредит, за секое новородено или посвоено дете во текот на рокот на отплата ќе добијат дополнителна едногодишна субвенција на месечната рата во висина од 30 проценти, рече Елези.

Таа информира дека граѓаните што имаат над 35 години, сакаат да изградат или да купат куќа, ќе добијат субвенции од 80 отсто од месечната рата во првите пет години или 80 проценти од учеството.

Заменик-министерката Елези рече дека добиле уверување од Градежната комора дека има станови и се градат, со цена до 900 евра за метар квадратен со вклучен ДДВ.

Министерството за финансии изготви прирачник за проектот „Купи куќа, купи стан", кој е поставен на веб-страницата на Министерството. За неполни три месеци откако стапиле на сила новите услови, интересот кај граѓаните е голем./МИА

ВМРО- ДПМНЕ: Јанева е само една алка од синџирот на организиран криминал и корупција

Денеска и официјално завршува обвинителската и политичката кариера на првиот соработник на Зоран Заев, тоа е Катица Јанева, рече портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ , Димче Арсовски .

Завршува обвинителската кариера на Јанева за која премиерот Заев тврдеше дека е човек со кредибилитет позади кој самиот тој Зоран Заев седи и ја поддржува. Неговата одлука беше Катица Јанева да биде и унапредена во државен јавен обвинител.

Приведувањето на Катица Јанева е чекор кој требаше да се случи уште првиот ден кога излезе скандалот „Рекет“. Овој временски простор кој го имаше од излегувањето на скандалот „Рекет“ до денес поминаа повеќе од 40 дена, и тоа е простор во кој Катица Јанева имаше време да брише докази, да крие докази, да влијае врз сведоци, и да работи се останато во нејзина корист.

Според она што до сега беше видено, Јанева е само една алка од синџирот на организиран криминал и корупција кој што во моментов го гледаме во Република Македонија преку случајот „Рекет“.

Скандалозно, па дури и смешно е тврдењето на Јавното обвинителство дека двајцата осомничени барале 8 милиони евра, а Катица Јанева која ја завршила практично главната работа за која што биле барани парите, земала само предмети во вредност од 4.500 евра. Скандалозно, смешно и потценувачки за интелегенцијата на граѓаните кои и што самите видоа како што се одвиваше целиот случај на рекетирање.

Се додека не се стигне до главните инсипиратори и нарачатели, да се дознае улогата на политичарите, на Кики, на Фрики, и на Шеки, на главата на Октподот Зоки Поки, нема да има правда во Република Македонија.

Уште од првиот почеток предупредувавме доколку Зоран Заев процени дека тој е самиот загрозен ќе се откаже од сите свои луѓе само за да се спаси себе си и својата кожа.

Апсењето на Катица Јанева не смее да се претвори во акција за спас на кариерата на Зоран Заев кој е целосно компромитиран и разнишан.

притисни ентер