ГПС сигналот од воената вежба на НАТО во Норвешка е загрижувачки

Норвешката разузнавачка служба соопшти денеска дека ГПС сигналот кој се случил за време на големите вежби на НАТО во норвешка минатата година, е посебно загрижувачки за војската а претставува и закана за цивилното воздухопловство во мир.

Разузнавачката агенција во својот годишен извештај соопшти дека пречките врз сигналот не претставуваат само нов предизвик за членките на НАТО, туку дека ќе се зголеми способноста на Русија да ја проектира својата сила во мир во криза и во војна.

Обвинителството гони пет лица како организатори за настаните од 27 април

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција  вечерва преку соопштение информира дека под истрага се пет лица кои се сомничат дека се организатори на настаните од 27 април.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста".

Како што се наведува во соопштението, наодите од предистражната постапка укажале дека осомничените на почетокот на 2017 година подготвиле и реализирале план со намера да оневозможат мирно примопредавање на власта. За таа цел, ги организирале и материјално ги поддржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето „За заедничка Македонија" кои кулминираа со насилното влегување во Собранието на 27 април.

– Осомничените како организатори ја вклучиле севкупната партиска структура и материјални средства за исполнување на целта и овозможиле континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите. Со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста, критичниот ден организирале непречено влегување на народните маси во законодавниот дом, вклучиле патриотски здруженија и ангажирале лица за извршување на насилство. Воедно од седиштето на политичка партија континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови. Во исто време, еден од осомничените со возило, сопственост на Управата за безбедност и котраразузнавање, донел огнено оружје и панцирни елеци пред Собранието на Република Македонија што биле наменети за лица што протестираат и имаат искуство во ракување со оружје. Со овие активности осомничените предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните, се вели во соопштението.

Од страна на надлежен јавен обвинител доставен е предлог за определување мерка притвор за осомничените.​

За вмешаност во настаните од 27 април попладнево беше приведен поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, а покрај него, како што објавија дел од медиумите, приведени се и поранешните министри за транспорт и врски и за труд и социјална политика Миле Јанакиески и Спиро Ристоски. 

Амбасадата на Јапонија ја прославува 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Република Северна Македонија

Со потпишување на грант-договори во вредност од над 430 илјди евра вечерва Амбасадата на Јапонија во Скопје ја прославува 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Република Северна Македонија.

Ова е најголемата годишна сума доделена од Грант-програмата за мали проекти, а корисници ќе бидат три јавни здравствени установи, три образовни институции и три јавни комунални претпријатија од шест региони во државата.

Во областа на здравството ќе бидат реновирани Општата болница во Кавадарци и Здравствениот дом во Македонски Брод, а ќе се набават и амбулантни возила за Здравствениот дом во Велес.

Во делот на образованието планирано е реновирање на градинката „Цветови" во општина Штип, реновирање на училиштето „Браќа Миладиновци" во Добрушево во општина Могила, како и средства за греење во подрачното улилиште „Гоце Делчев" во село Долни Дисан во општина Неготино.

Дел од средствата што ги доделува Јапонската амбасада ќе бидат искористени и за набавка на возила за комунални услуги за три јавни претпријатија во Валандово, Крива Паланка и Виница.

На церемонијата на потпишување присуствуваа амбасадорката на Јапонија Кеико Ханеда, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за образование и наука Арбер Адеми, министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и заменик-министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар.

По потпишувањето на договорите организиран е прием на кој е најавено обраќање на јапонската амбасадорка и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Од 1996 година Јапонија преку Грант-програмата за мали проекти има инвестирано над 6,6 милиони евра со кои се реновирани и опремени повеќе од 66 училишта, 44 јавни здравствени установи и набавени се 27 специјализирани возила за јавните комуналните претпријатија и противпожарните служби. /MИА

Путин се закани : Русија ќе нишани кон САД ако распоредите ракети во Европа

Русија ќе одговори на секое распоредување на ракети од среден дострел во Европа , така што ќе ги држи на нишан се само државите , каде што се ракетите , туку и САД , се закани рускиот претседател Владимир Путин.

,,Ќе кажам јасно и отворено. Русија ќе биде приморана да распореди оружје што ќе биде користено не само против територијата од државата од каде доаѓа директната закана, туку и против територијата на која се наоѓаат центрите за носење одлуки.” , рече Путин во Парламентот во своето годишно обраќање за состојбата на нацијата.

И покрај тоа што ја даде до сега најострата изјава за потенцијалната нова трка во вооружување, Путин реле дека Русија не бара судир и нема да го преземе првиот чекор во распоредувањето ракети , како одговор на американското повлекување од договорот за нуклерано вооружување , постигнат во 1987 година.

Сепак , руската реакција за распоредување ракети ќе биде одлучна и американските политичари , од кои некои се опседнати со американска посебност , мора да го пресметаат ризикот пред да го направат првиот чекор, се закани Путин.

притисни ентер