Снег на Хаваи на надморска висина од 1900 метри

Силно снежно невреме  ги погоди Хаваите и предизвика хаос  бидејќи голем број  домаќинства останале без струја , имало многу искршени дрвја и гранки а се поплавени и патиштата.

Снегот не бил вообичаен во планинските делови на овој островски архипелаг досега, но научниците наведуваат дека снежната покривка на надморска висина од илјада и деветстотини метри , во државниот парк на Мауи би можела да претставува најниска точка на која било кога воопшто е виден снег на Хаваи, јавуваат светските агенции

Јанева со полициска придружба го напушти СЈО

 Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево со полициска придружба го напушти СЈО каде што беше доведена откако беше приведена во нејзиниот дом во скопската населба Козле.

Се очекува да биде донесена во Основниот суд Скопје каде што треба да биде изведена пред судија на претходна постапка кој треба да одлучи по барањето на Јавното обвинителство за одредување мерка притвор.

ЈО бара притвор за Јанева поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, заради стекнување лична корист.

Полицијата попладнево по налог ЈО ја приведе Катица Јанева во нејзиниот дом во скопската населба Козле, по што со полициска придружба беше донесена во СЈО.

Обвинителката Вилма Рускоска потврди дека полицијата влегла во СЈО со налог да се одземе компјутерот на Јанева.

Катица Јанева, која беше спомната во снимките што ги објави италијанскиот весник „Ла Верита", вчера беше на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал за случајот „Рекет".

Донесен кодексот за однесување на јавните функционери

Членовите на Владата и сите јавни функционери ќе бидат под строг мониторинг за тоа како настапуваат во јавноста и дали ги почитуваат моралните и етички принципи кои произлегуваат од нивните функции.

Ова е одлука на Владата со која на вчерашната седница го усвои Етичкиот кодекс за одговорно однесување на функционерите.

Усвојувањето на Кодексот практично беше повод министерот за отчетност и транспарентност Поповски да биде прашан за коментар свој во врска со изјавата на Заев од пред една недела која предизвика бурни реакции во јавноста.

Поповски ги изнесе основните детали околу Кодексот за кој, како што рече, строго ќе се почитуваат механизмите и нема да има отстапки за ниту еден функционер. За неодговорните лица ќе има и санкции кои можат да завршат со институционална и политичка одговорност.

Кодексот, според Поповски, треба да биде еден вид водилка на примерност и одговорност и смета дека секој јавен функционер ќе почне поинаку ќе се однесува.

Уапсена Катица Јанева, осомничена за злоупотреба на службената положба

Пред два часа во нејзиниот дом во скопски Козле уапсена е Катица Јанева. 

Акцијата на МВР помина мирно и Јанева во моментов е во просториите на Специјалното јавно обвинителство, каде што се врши претрес на просториите..

Таму е Јана Јосифовска.

Јана кои се последните информации. Уште ли е Јанева во просториите.

Целиот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер