Фото: Селин Дион е анорексична

Светската музичка ѕвезда Селин Дион предизвика големо внимание во јавноста откако на една манифестација во Париз се појави во друштво на 16 години помладото момче Пепе Муњоз. 

На сите веднаш во очи им падна фактот дека Селин е преслаба.

Фановите на поп дивата  веднаш се загрижиле за нејзиното здравје, поради фактот што таа драстично ослабела, а гардеробата која ја носела таа ноќ уште повеќе ја истакнала нејзината слабост.

Според некои созданија, Селин Дион во моментов тежи околу 50 килограми.

-На граница на анорексија си, те молам води грижа за себе, се некои од многуте коментари на загрижените фанови на пејачката.

Мегапопуларната пејачка инаку , беше на работ на нервен слом по трагедијата која и се случи пред две години, кога во рок од само неколку дена ги загуби, сопругот, менаџерот, а потоа и братот.

Фрлила мали кученца во контејнер –се соочува со шест години затвор (ВИДЕО)

Американка од Калифорнија е уапасена откако била снимена како во контејнер фрла шест тукушто родени кученца.

На снимката од безбедносната камера се гледа како жената во контејнер фрла пластична кеса полна со кученца. Полицијата ја уапсила 54 – годишната Дебора Сју Калвел , а во нејзината куќа пронашла уште 30 кучиња.

Против неа е покренато обвинение за повеќе кривични дела , меѓу кои и бруталност кон животни , а доколку се докаже дека е виновна се соочува со казна затвор од 6 години.

Кученцата биле во плаастиочната кеса во контејнер на висока температура , а ги спасил човек кој ги слушнал како цивкат. Се проценува дека кученцата биле стари три дена.

Епидемија на заразна жолтица во Посебното училиште во Ново Село

Во Посебното основно училиште „Климент Охридски" во Ново Село е прогласена епидемија на заразна жолтица, иформира д-р Силвана Петкоска, специјалист епидемиолог од Центарот за јавно здравје во Струмица. 

Во училиштето се школуваат околу педесетина деца со попреченост, а дел од нив се сместени и во училишниот интернат.

-Издадовме наредба во наредните 15 денови училиштето да биде затворено, бидејќи досега се регистрирани 11 пациенти, кај кои е откриен вирусот Хепатитис А. Ваква одлука донесовме за да не се прошири болеста во установата, каде има вкупно 80 лица заедно со персоналот, вели д-р Петкоска.

Додава дека првиот случај е откриен минатиот месец, а вториот се појавил на почетокот на април. Се појавиле и нови  случаи, а меѓу нив има и една воспитувачка.

Според д-р Петкоска состојбата ќе се следи и доколку нема нови случаи на заразна жолтица се очекува училиштето да продолжи да работи по велигденските и првомајските празници./MИА

Британец морал да избира меѓу синот и ќерката за да ги спаси од масакрот во Шри Ланка

Меѓу настраданите во Велигденскиот масакр во Шри Ланка  меѓу 321 загинати има десетици странски туристи.

Властите информираат дека бројот на загинати не е конечен ,зашто има и над 500 повредени , од кои голем број се во критична состојба. Во терористичките напади на цркви и луксузни хотели настрадаа и три од четирите деца на најбогатиот Данец , Андерс Холх Повлсен. Меѓу најстрашните трагедии го погоди и семејството на Британецот Метју Линси (60) , кој морал да направи ужасен избор. Требало да избере дали во итната помош прво ќе го биде однесен синот или ќерката, кои биле тешко повредени во нападот на хотелот Шангри-ла. Но , кога стигнале во болница, без оглед на изборот на таткото , и двете починале.

Метју во масакрот ги загубил 19 годишниот син Даниел Линдси и 15 годишната ќерка Амелија Линдзи. Нивниот цкршен татко раскажува како го носел синот по скалите од ресторанот , каде бил извршен масакрот. Ја оставил ќерката внатре мислејќи дека нејзините повреди се помалку сериозни од оние на Даниел.

И самиот Метју бил повреден со шрапнел ,а целиот пат до болницата се обидувал безуспешно да го реанимира синот. Уште во шок по смртта на синот , дознал дека на повредите им подлегнала и ќерката Амелија.

Тројцата членови на семејството Линдзи , инаку од Лондон , во моментот на бомбашкиот напад на хотелот биле во ресторанот , утрото на Велигден. По првата експлозија , во хотелот се стемнило и не можел да процени дали децата се добро.

Помислиле дека ќе има втора експлозија , истрчале од ресотранот , кога ги погодила втората бомба и тоа покрај лифтовите.

притисни ентер