Ново Село, Орман и Даме Груев утре без вода

 Корисниците од селата Ново Село и Орман, како и од населбата Даме Груев во Општина Ѓорче Петров утре од 9:00 до 11:00 часот ќе останат без вода за пиење.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е детална проверка на трафостаницата на Пумпната станица Ново Село, поради што ќе остане без електрична енергија, а прекинот во снабдувањето со струја ќе предизвика и прекин во водоснабдувањето.

ОЈО Гостивар проверува дали самоубиство на 13-годишна девојка е поврзано со секта

Дали 13 годишната девојка од Гостивар што се самоуби била дел од секта? Безживотното тело на девојката било пронајдено во нејзиниот дом на 25 ноември.

 Иако првичната истрага на обвинителството упатувала дека се работи за случај на самоубиство, обдукцијата отворила други сомнежи и тоа околу мотивите кои биле причина за одземање на животот.

-Веднаш по настанот, дежурен јавен обвинител изврши увид на лице место и издаде наредба за обдукција на телото на починатото девојче. При обдукцијата првично беше констатирано дека починатата на себе има и други повреди кои би можеле да упатуваат на нејзина припадност кон секта. ЈОРМ

За да ги провери овие индиции обвинителството ќе прави и токсиколошки испитувања но и ќе проверува со кој девојката комуницирала телефонски и на социјалните мрежи. Преку Министерството за внатрешни ќе се споредуваат и други слични случаи во земјава но и надвор.

Социолозите се сомневаат дека во земјава постојат секти кои проповедаат скратување на живот, иако како што велат економско социјалните услови можат да допринесат за некој адолесцент да се одлучи на таков чекор.

Во земјава често се зборуваше за секти во минатото. Најчесто меѓу младите се разговараше за Црна Ружа, секта која наводно има свои приврзаници и на Балканот. Медиумите пишуваа дека оваа секта ја имало во Србија, Бугарија и Хрватска.

Дали големиот број на амандмани се прв сериозен тест на коалицијата ДУИ – СДСМ?

Ќе се распадне ли предизборно коалицијата СДСМ-ДУИ? За закони, препораки и избор на државни функционери, владините партнери не можат да најдат заеднички јазик. 

За премиерот Заев нормално е за некои прашања да имаат различни ставови, но последните пораки од ДУИ со илјадниците амандмани за Изборниот законик се најава за коалициска конфронтација. Тој вели дека на ниво на Влада функционираат без проблеми, верува дека ќе најдат решение за спроведување на забелешките за Законот за јазици, но изборот на државниот ревизор кој доби поддршка од ДУИ и ВМРО ДПМНЕ, според премиерот, е дел од себични предизборни одлуки.

И за дел од аналитичарите на повидок е “развод” меѓу СДСМ и ДУИ. Според аналитичарот Петар Арсовски, не може да се предвиди како ќе завршат несогласувањата меѓу двете страни, но сепак ДУИ ја зацврстува својата позиција во пресрет на изборите кај албанското гласачко тело.

До крајот на годината се очекува да биде познат составот на   техничката Влада. Кој ќе го замени Заев на  3ти јануари  од партијата се уште не откриваат, но неофицијално како фаворити се споменуваат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за труд и социјала Мила Царовска,кои треба да ги напуштат сегашните фукнции. 

Дане Талески е предлогот за нов амбасадор во НАТО

МНР денеска и официјално го предложи Дане Талески за нов амбасадор на НАТО. Владата освен него усвои уште 18 предлози за назначување амбасадори.

Освен за Алијансата, ќе се пополнат испразнетите амбасадорски места во најголем дел од земјите од регионот. Нов амбасадор ќе има во Атина, Белград, Тирана, Приштина и Загреб. Во Европа, нови амбасадори ќе има во Чешка, Италија, Ватикан, Белгија, Холандија, Данска и Русија. Освен таму, Македонија ќе има нов амбасадор во уште една земја членка на Советот за безбедност – Кина. Во Азија се пополнуваат местата и во Индија, Израел, Катар. Освен во билатерала, Македонија свои претставници ќе добие и во Советот на Европа во Стразбур и Обединетите нации во Женева.

Владата не ги открива имињата додека не го поминат последниот филтер кај шефот на државата Пендаровски. Колку од нив се професионалци а колку се политички именувани останува непознато. Ова веројатно ќе биде последната група именувања во која предност се дава на политичките предлози.

Новиот Закон за надворешни работи, кој денеска беше ставен на јавна расправа, предвидува најмалку 80 отсто од амбасадорите да бидат дипломати по кариера.

За Македонскиот дипломатски синдикат една четвртина од предлог-законот е спорен. Оттаму велат дека е катастрофално нестручен, неефикасен и содржи несоодветни временски рокови за обука и стекнување дипломатско звање. 

По најавите дека ќе се укинуваат повеќе дипломатско-конзуларни претставништва, се уште не се открива кои ќе бидат тие и кога ќе се затворат.

Според надлежните, целта е да останат амбасадите кои се од круцијално значење за трговската и економската соработка со земјава.

притисни ентер