Владата ќе добие табла со новото име

Прва институција која ќе добие нов натпис Република Северна Македонија е Владата. 

Утрината таа осамна без натписот на главниот влез, а штом ќе биде и официјално пристигната нотата од соседна Грција и објавена во Службен весник, дека договорот е ратификуван во нивниот парламент, ќе бидат ставени новите букви со натписот на нашето ново државно уставно име.

На граничните премини новите табли со Република Северна Македонија се веќе пристигнати.

Името Република Македонија, кое го користевме речиси 30 години, заминува во историјата.

Во близина на брегот на Либија спасени 74 мигранти

Хуманитарните групи соопштија дека спасиле 74 мигранти во близина на брегот на Либија.

Од друга страна пак властите на Тунис наведуваат дека запреле брод кој пловел кон Италија на кој имало 110 мигранти.

Миграните се спасени денеска на околу 80 километри од либискиот брег , меѓу нив имало и шест деца.  

Министерството за внатрешни работи на Тунис соопшти дека на бродот кој патувал кон Италија имало 110 мигранти кои се вратени во Тунис и дека за време на операцијата од морето се спасени 25 мигранти од истата група.

Канадскиот премиер Трудо носел панцир на предизборен собир!?

Премиерот на Канада Џастин Трудо носел панцир на предизборен митинг, откако неговиот штаб добил предупредување дека неговата безбедност е загрозена, пренесе Ројтерс.

На фотографија од митингот во Мисисог во провинцијата Онтарио може да се види дека Трудо под кошулата носи заштитен елек – панцир.

Премиерот за време на својот говор на бината по прв пат за време на оваа изборна кампања  која ќе заврши со парламентарни избори на 21 октомври бил опкружен со полицајци со ранци .

ЦБЦ цитирал анонимен извор од Либералната партија на Трудо,кој истакнал дека премиерот облекол панцир откако добил безбедносно предупредување.

Џастин Трудо на митингот се појавил со задоцнување од 90 минути и одржал говор без инциденти.

Трамп воведува санкции за Турција поради воената интервенција во Сирија?!

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД ќе воведат остри санкции кон Турција поради воената операција во Сирија.

-Средбите со бројните членови на Конгресот околу наметнување на силни и остри санкции за Турција дадоа резултати. Имаме консензус околу ова. Ја замоливме Турција да не го прави тоа, напиша на Твитер претседателот Трамп.

Во меѓувреме шефот на Пентагон Марк Еспер изјави дека САД ќе повлечат околу илјада војници од Сирија.

Според неговите зборови станува збор за планирано и „свесно повлекување “на трупите.

притисни ентер