Видео: Ново руско оружје, предизвикува халуцинации, гадење и заслепува!?

Руската воена морнарица доби ново моќно, но не смртоносно оружје, кое со своите перформанси е неспоредливо со секое друго.

Холдингот „Роселектроника“ кој влегува во составот на државната корпорација „Ростех“ потврдил дека започнала да ја снабдува руската морнарица со визуелно – оптичка станица за правење пречки  „5П – 42 Филин“. Станица оружје која е во состојба привремено да ги заслепи непријателските војници, поради што тие ги промашуваат целите , предизвикува халуцинации и нагон на повраќање кај противникот.

Во моментов со вакво оружје располага фрегатата „Адмирал Касатонов“ кој се уште е во фаза на тестирање, исто како и фрегатата „Адмирал Горшков“.

Ваква опрема ќе биде инсталирана на уште два брода од проектот 22350.

Новото оптичко оружје функционира на тој начин што во услови на слаба видливост и ноќе на противничките системи за ноќно следење и на човечкото око со испуштање на нискофреквентни бранови  предизвикува пречки и им прави проблеми во видливоста.

За време на тестирањето доброволци со пушки, снајпери и митралези, гаѓале цели заштитени со новото оружје на оддалеченост од околу 2 километри. Сите тие имале проблеми со нишанењето поради „тоа што не можеле да ја видат целта“.  

Секој петти доброволец рекол дека имал халуцинации, а околу половина од доброволците навеле дека биле дезориентирани, и дека имале гадење и им се вртело во главата.  

Општина Гостивар ги укина службените мобилни телефони

Трошоците за претплата, разговори и други услуги на над 50 телефонски броеви нема повеќе да ги плаќа општина Гостивар. 

Во иднина, службените телефони ќе станат приватни и фактурите ќе си ги плаќаат самите службеници.

Укинувањето на поволностите ги најави градоначалникот Арбен Таравари преку својот „Фејсбук" профил како дел од кампањата „Да го штедиме буџетот".

– Ниеден вработен во општина Гостивар, од почеток на август 2019, нема да користи службен телефон. #ДаГоШтедимеБуџетот, стои во постот на Таравари.

Според секретарот на општина Гостивар, Назми Јусуфи, договорот со досегашниот мобилен оператор не е продолжен и нема да се склучува нов.

– Броевите кои беа опфатени со договорот, во иднина ќе бидат приватни и лицата кои досега ги користеа сами ќе си ги плаќаат трошоците. Овој потег е во рамки на кампањата за штедење и намалување на трошоците. Досега за трошоците за мобилни услуги, општината плаќаше над сто илјади денари месечно. Од овој месец сите вработени сами ќе ги плаќаат сметките, изјави Јусуфи за МИА.

Според досегашната пракса, поголем дел од вработените, раководителите на сектори и други служби кои се под надлежност на локалната самоуправа, користеа службени телефони. За оваа намена на годишно ниво од општинската каса се одлеваа близу 20 илјади евра. /МИА

Иран предупредува: И ние би можеле да се однесуваме непредвидливо како САД

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф денеска предупреди дека и Техеран би можел „непредвидливо“ да постапува на „непредвидливите“ политика на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Ако има непредвидливост од двете страни тоа ќе доведе до хаос. Претседателот Трамп не може да биде непредвидлив а да очекува од другите да бидат предвидливи. Непредвидливоста ќе доведе до взаемна непредвидливост а непредвидливоста е хаотична“, вели Зариф.

Се изнесува мебелот од куќата на Катица Јанева (ВИДЕО)

Попладнево полицијата го изнесува мебелот од домот на шефицата на СЈО во оставка , Катица Јанева , за кој што има сомневања дека е набавен со пари од аферата ,,Рекет”.

Попладнево со полициска асистенција се изнесува меделот од куќата на шефицата на СЈО во оставка , Катица Јанева , за кој се смета дека чини 5 000 евра и бил набавен со парите од аферата ,,Рекет”.

Акцијата за изнесување на мебелот од куќата во скопско Козле е во тек.

Полицијата врши претрес и во куќата на јанева во Гевгелија. Попладнево , според дел од медиумите , во Геријатриската болница во Гевгелија починала мајка и на Јанева. 

ЈО бара притвор за Јанева, која е осомничена за злоупотреба на службена положба и овластување заради стекнување лична корист во случајот „Рекет. 

притисни ентер