Тетовската болница вработува роднини, а не најдобрите лекари?

Во болницата во Тетово се вработуваат специјализанти според привилегии, а не според знаењето и стручноста, велат од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари.

При приемот на лекари во Клиничкиот центар во Тетово не е водено сметка за ранг листата од освоените бодови од стручниот испит, ниту пак претходното работно искуство, велат од асоцијацијата..

Дел од вработените се поврзуваат со функционери на ДУИ и Беса, а еден од кандидатите воопшто го немало на ранг листата.

Директорот на Клиничкиот центар Тетово Флорин Бесими досега се нема огласено во јавноста.

Во близина на брегот на Либија спасени 74 мигранти

Хуманитарните групи соопштија дека спасиле 74 мигранти во близина на брегот на Либија.

Од друга страна пак властите на Тунис наведуваат дека запреле брод кој пловел кон Италија на кој имало 110 мигранти.

Миграните се спасени денеска на околу 80 километри од либискиот брег , меѓу нив имало и шест деца.  

Министерството за внатрешни работи на Тунис соопшти дека на бродот кој патувал кон Италија имало 110 мигранти кои се вратени во Тунис и дека за време на операцијата од морето се спасени 25 мигранти од истата група.

Канадскиот премиер Трудо носел панцир на предизборен собир!?

Премиерот на Канада Џастин Трудо носел панцир на предизборен митинг, откако неговиот штаб добил предупредување дека неговата безбедност е загрозена, пренесе Ројтерс.

На фотографија од митингот во Мисисог во провинцијата Онтарио може да се види дека Трудо под кошулата носи заштитен елек – панцир.

Премиерот за време на својот говор на бината по прв пат за време на оваа изборна кампања  која ќе заврши со парламентарни избори на 21 октомври бил опкружен со полицајци со ранци .

ЦБЦ цитирал анонимен извор од Либералната партија на Трудо,кој истакнал дека премиерот облекол панцир откако добил безбедносно предупредување.

Џастин Трудо на митингот се појавил со задоцнување од 90 минути и одржал говор без инциденти.

Трамп воведува санкции за Турција поради воената интервенција во Сирија?!

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД ќе воведат остри санкции кон Турција поради воената операција во Сирија.

-Средбите со бројните членови на Конгресот околу наметнување на силни и остри санкции за Турција дадоа резултати. Имаме консензус околу ова. Ја замоливме Турција да не го прави тоа, напиша на Твитер претседателот Трамп.

Во меѓувреме шефот на Пентагон Марк Еспер изјави дека САД ќе повлечат околу илјада војници од Сирија.

Според неговите зборови станува збор за планирано и „свесно повлекување “на трупите.

притисни ентер