Во 10 часот ќе почне преиспитувањето на спорните проекти во културата

Денеска со почеток во 10 часот во просториите на министерството за култура,  ќе започнат со работа сите стручни комисии по одделни дејности кои ќе имаат задача повторно да ги разгледаат сите апликации кои беа одбиени на годишните конкурси.

Денеска со почеток во 10 часот во просториите на министерството за култура,  ќе започнат со работа сите стручни комисии по одделни дејности кои ќе имаат задача повторно да ги разгледаат сите апликации кои беа одбиени на годишните конкурси на министерството за култура за 2019 година.

Одлуките за сите одбиени апликации ќе бидат поништени, и по нивното повторно разгледување, доколку се утврдат недоследности, листата на поддржани проекти од национален интерес ќе биде дополнета, соопштија од министерството.

Оптимистични прогнози за бројот на туристи кои ќе ја посетат земјава идната година

Преку алтернативен туризам, Македонија ќе го зголемува бројот на туристи, државава ќе ги прати светските трендови.

Националната асоцијација за инкаминг туризам смета дека Македонија има што да понуди во ваквиот тип на туризам, гостите кои ќе ја посетат земјава ќе бидат поблиску до мештаните, ќе можат да ја запознаат културата и да ја проживеат традицијата низ разни активности за време на нивниот престој.

Министерот за економија Бектеши е задоволен од досегашната туристичка посетеност, а за догодина се надева на уште подобри резултати.подготвуваат неколку нови законски решенија, а во финална фаза е новиот правилник за субвенционирање на странскиот туризам.

Македонскиот туризам е во континуиран раст и за идната 2020 година се очекува бројката на туристи во земјава да достигне 1,3 милиони, а бројот на ноќевања да стаса до четири милиони. Девизниот прилив да достигне околу 400 милиони долари и раст на учеството во БДП до 2,5 %.

Ќе се доуреди кејот на реката Луда Мара во Кавадарци

Ќе се доуреди кејот на реката Луда Мара во Кавадарци, од мостот „Слога" до „Силекс" зградите. 

Советот на Општината денеска донесе одлука за кофинансирање и му даде приоритет на проектот „Реконструкција на регулирано речно корито на реката Луда Мара". Тоа значи дека  кејот на реката ќе биде комплетен од почетокот кај зградите Белка, до селото Ваташа. Со тоа, целиот овој потег ќе може да се користи за рекреација, но и за да се стигне побрзо од градот до селото.

– Заедно со Центар за развој на Вардарски плански регион, што ќе ни обезбеди грант,  ќе се реализира овој проект, кој чини околу 22 милиони денари, појасни градоначалникот Митко Јанчев./МИА

Институт „Крсте Мисирков": Прашањето за македонскиот јазик е апсолвирано, негирањето е свесна провокација

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков"-Скопје соопшти дека остро реагира и сериозно се спротивставува на ставот на Бугарската академија на науките во врска со постоењето на македонскиот јазик и на македонското писмо.

Во реакцијата Институтот наведува дека постоењето на македонскиот јазик со свој посебен дијалектен систем и со своја историја е апсолвирано прашање во светски рамки уште одамна и, нагласува дека „секој став што го негира овој непобитен факт го смета за свесна провокација".

-Ваквите изјави одат во прилог на евтина дневно-политичка пропаганда и затоа е несфатливо што доаѓаат од една висока академска фела на држава членка на Европската Унија. Меѓу другото, на овој начин, тие ги негираат долгогодишните билатерални проекти меѓу македонските и бугарските лингвисти и други научници. Земајќи предвид дека на нашите конференции со македонистички теми доаѓаат  ценети професори од целиот свет, а нашите научници се масовно прифатени од светската научна јавност со своите истражувања посветени на македонскиот јазик, литература и култура, не се чувствуваме загрозено ниту како Македонци, ниту како македонисти, пишува во реакцијата на Институтот за македонски јазик./МИА

притисни ентер