Обуки за инсталирање фотоволтаици и топлински колектори

Обука на стручен и технички кадар за инсталирање фотоволтаици и топлински колектори со цел зголемување на енергетската ефикасност на објектите ќе биде најавена денеска на прес-конференција во Стопанската комора на Македонија.

Најавени се обраќања на Ристо Јаневски, претседател на Здружението на енергетиката при Стопанската комора на Македонија и професор д-р Христина Спасевска, претседател на Инженерската институција на Македонија./МИА

Масовен погреб во Шри Ланка – ИД ја презеде одговорноста за масакрот (ВИДЕО)

Исламската држава ја презеде одговорноста за терористичките напади во кои загинаа 321 лица во Велигденскиот масакр.

Нема докази дека токму тие се организатори на масакрот , а инфорамцијата ја објави нивниот сајт Амак. Според министерот за одбрана на Шри Ланка , нападот е одмазда за терориастичкиот напад во Крајстчрч , на Нов Зеланд. За нападот се опдговорни две исламистички групи , National Thawheed Jama'ath (NTJ) и  Jammiyathul Millathu Ibrahim.

Бројот на жртвите достигна 321 , а меѓу нив има 45 деца. Над 500 лица со тешки повреди сеуште се во болниците во Коломбо. Во земјата е прогласен ден на жалост , како и вонредна состојба .

На 35 километри од главниот град , во близина на црквата каде беше извршен еден од нападите, беше одржан и масовен погреб за загинатите.  

Исчезната 56-годишна жена од Кривопаланечко

Исчезната е 56-годишна жена, жител на селото Мождивњак, Кривопаланечко. 

Случајот го пријавила во полиција  нејзината снаа во текот на вчерашниот ден, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

– Во Полициската станица денеска во 20:20 часот од општа надлежност, Крива Паланка, 52-годишната Л.М. од сели Мождивњак, Кривопаланечко, пријавила дека од семејната куќа се оддалечила нејзината золва Г.С., на возраст од 56 години, информира Живкица Чавдаревиќ, портпарол на СВР Куманово.

Според досегашните сознанија на полицијата, лицето и претходно се оддалечувало и се враќало во домот. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

СДСМ: Стравот од дебакл во втор круг кај ВМРО-ДПМНЕ е голем колку и нивните лаги

Стравот на ВМРО-ДПМНЕ од дебакл во вториот круг е голем колку и нивните лаги, реагираат од СДСМ на прес конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол за криминали, одговорна за најголемиот скандал за прислушување на граѓаните и упад во приватноста лажно обвинува.

СДСМ јавно ги демантираше лагите дека постои апликација која собира податоци, лични информации, видеа, фотографии или активност на интернет од граѓаните и ги повика сите институции да го потврдат тоа.Дирекција за заштита на лични податоци веќе направи инспекциски надзор и очекуваме за тоа да ја информира јавноста.

Предупредивме дека ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и тимот на Сиљановска треба да знаат дека лажното пријавување е кривично дело.

Бидејќи лагите на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат, СДСМ најавува соодветни пријави пред надлежните правосудни органи.

Вистината е најсилен демант на лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ.

притисни ентер