Во Струга по 10-ти пат Школа за млади лидери

Четириесет учесници и повеќе од 20 предавачи од Македонија, Европа и светот ќе бидат дел од 10 -та Школа за млади лидери, што по иницијатива на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, ќе се одржи од денеска до 22 февруари во Струга.

На свеченото отворање, најавени се обраќања на претседателот Иванов и на претседателот на Tag-org глобалната организација за професионални услуги и едукација Талал Абу-Газалех. На првиот ден на Школата, како што соопшти Кабинетот на претседателот, предавање ќе има извршниот директор на ТАВ аеродроми Сани Шенер, а ќе се одржи и панел дискусија за „Предизвиците на 4 -та индустриска револуција", тема што ќе биде во фокусот на десеттата Школа за млади лидери.

Програмата на школата, како што е наведено во најавата, опфаќа предавања и обуки во сферите на лидерството и менаџментот од страна на еминентни предавачи и гости од врвни образовни и професионални институции, менаџмент-симулации и практични вежби.

Меѓу предавачите на годинашната Школа за млади лидери се Пинар Ајваз Арикан, генерален директор на Turkish Airlines во Скопје, Штефан Петер, претседател на извршниот одбор на ЕВН Македонија, Фанија Самак од компанијата Микросам од Прилеп, Нина Ангеловска, коосновач на Grouper.mk, Љупка Арсова, инженер за животна средина во Источната истражувачка група, со седиште во САД, Разије Невзат, координатор на одделот за социјални медиуми и дигитален маркетинг на Источен медитеран универзитет, Хозе Антонио Моралес, директор на Lincoln Island Initiatives, со седиште во Словенија, Рашела Мизрахи од Бар Илан Универзитет, Израел, Методија Колоски, претседател на Обединетата македонска дијаспора, Тонис Нирк, дипломатски претставник за дигитална економија од Естонија...

Во рамки на 10 -та Школа за млади лидери, учесниците, според најавата, ќе го посетат новиот аеродром во Истанбул, отворен во октомври 2018 година, каде ќе бидат запознаени со неговото менаџирање како најголем аеродром во светот, а ќе го посетат и седиштето на авиокомпанијатаТуркиш ерлајнс .

Во изминатите девет години на Школата за млади лидери учествувале 360 млади луѓе и над 200 реномирани предавачи, меѓу кои поранешниот Генерален секретар на ОН, Бан Ки-мун, поранешни претседатели на Чешка, Латвија, Србија, Бугарија, Албанија Вацлав Клаус, Ваира Вике – Фреиберга, Валдис Затлерс, Борис Тадиќ, Георги Прванов, Петар Стојанов, Бамир Топи и Реџеп Меидани, поранешниот потпретседател на Европската комисија и поранешен министер за надворешни работи на Италија, Франко Фратини, претседателите на Светската и на Европската академија на науките и уметностите, Иво Шлаус и Феликс Унгер, како и голем број амбасадори, функционери од Европската унија, директори на меѓународни институти и успешни бизнис компании и професори од реномирани светски универзитети.

Школата за млади лидери беше прогласена за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година од страна на Светскиот форум на бизнис ангели, а по тој повод оваа организација во 2018 година на претседателот Иванов му ја врачи наградата за „Најдобар светски лидер", кој инвестира во новата генерација.

Учесниците на досегашните школи се организирани во Алумни асоцијација – ИСЛАА, регистрирана како посебно здружение, каде низ семинари, панел дискусии, предавања и учества во младински настани, се овозможува продолжување на развојот на нивните знаења и вештини./МИА

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер