„Овој пат ќе останеме“: НАСА објави дека планира да се врати на Месечината засекогаш

Шефот на НАСА го изложи амбициозниот план на вселенската агенција следната година да се врати на месечината и овој пат да остане таму и да го истражи сателитот како никогаш досега.

Администраторот на вселенската агенција, Џим Бриденстајн, рече дека НАСА е подготвена да почне „што е можно побрзо“ и дека веќе е посветена на работата со девет американски компании да почнат да се испраќаат нови научни инструменти на површината на месечината во комерцијални товарни испораки.

Амбициозната нова мисија ќе почне следната недела, според Бриденстајн, кога агенцијата ќе се состане со индустриските лидери во седиштето на НАСА за да почнат да разговараат за лунарните лендери.

Тимот планира да го спроведе своето прво комерцијално слетување на површината на месечината до крајот на 2020 година.

Бриденстајн вели дека новата мисија ќе им ја претстави месечината на повеќе од две третини од американците што не биле родени за време на легендарното слетување на Аполо.

притисни ентер