Влада на Шпанија: Каталонските лидери го отфрлаат обидот за дијалог

Шпанската Влада ги обвини каталонските лидери, кои се залагаат за независност на покраината, дека ги отфрлаат нејзините обиди да започнат дијалог со цел решавање на сепаратистичката криза меѓу Мадрид и тој богат регион.

Заменичката на шпанскиот премиер Кармен Калво рече дека групите кои се залагаат за независност на Каталонија ја отфрлија рамката за преговори, што ја предложи Владата, бидејќи сакаат на дневен ред да се најде референдумот за независност, што Мадрид не го прифати.

„Со години бараа дијалог. Го направивме тоа. Ако тоа не е доволно, мора да прекинеме“, изјави Калво.

Отфрлувањето на преговарачката рамка доаѓа во пресрет на гласањето за буџетот за 2019 година, што ќе се одржи следната недела, а кое, како што оценуваат медиумите, најверојатно ќе пропадне без поддршка од каталонските партии.

Доколку предлогот на буџетот не биде одобрен, Шпанија треба да одржи вонредни парламентарни избори оваа година, што опозицијата и претходно бараше, критикувајќи го планот за почнување преговори со каталонските сепаратисти.

СДСМ: Политички земјотреси во земјава правеше Груевски, тоа е речникот и матрицата на Сиљановска

Политички земјотреси во земјава правеше Груевски, тоа е речникот и матрицата на Сиљановска, граѓаните нема да дозволат враќање на режимот, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Криминал, корупција, неправда, непочитување на основните човекови права и слободи, монтирани судски пресуди, затворање медиуми, прислушувања, насилства врз студенти, пратеници, обиди за убиства, изолација, аболиција за криминал…. тоа беа земјотресите на Никола Груевски и Ѓорѓе Иванов кои 11 години на штета на граѓаните и државата.

Тоа е речникот, тоа е матрицата и на Горданa Сиљановска. Таа е кандидатката на Мицкоски и Груевски.

Гласот за Сиљановска е глас за враќање на режимот на Никола Груевски и неговите земјотреси, криминалот, корупцијата, неправдата, злоупотребите.

Граѓаните не сакаат нов Иванов ниту нов Груевски. Доказ за тоа е фактот што Гордана Силјановска има 130.000 гласови помалку од гласовите на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг на изборите во 2014 година.

Бидејќи тоа, според логиката на Сиљановска, е целосен колапс на легитимитетот на Мицкоски очекуваме тоа и јавно да му го соопшти.

Останува фактот дека Пендаровски победи во првиот круг а Сиљановска загуби. Предноста на Пендаровски потврдува дека во вториот круг е сигурен победник.

Граѓаните не сакаат враќање назад, деструкција, политички земјотреси кои ги застапува Сиљановска. Граѓаните сакаат напредок, сигурна иднина, членство во НАТО и ЕУ и уште посилно ќе го поддржат концептот на Стево Пендаровски. Заедно Напред.

Почна асфалтирањето на улиците зад „Монопол" во Куманово

Почна  асфалтирање на улиците „Србо Томовиќ", „Страшко Арсов" и „4 Јули" кај Монополот во Куманово. 

За асфалтирањето на улиците кое го спроведува кумановската компанија „Кооп Инжинеринг", од општинскиот буџет одвоени се 9,23 милиони денари, информираат од Секторот за комунални дејности.

-Денеска, се асфалтираат 1.000 квадратни метри на две од трите улици. Продолжуваме и наредните денови, изјави помошник-раководителот на Секторот, Момчило Јовановски.

Пртеходно, додадена улиците беа поставени тротоари со бехатон.

Во ноември минатата година заврши реконструкцијата на водоводната мрежа на овие улици во должина од 460 метри и беа заменети азбестните цевки, за што Куманово од буџетот одвои 1,645 милиони денари. Обновата на водоводната мрежа беше изврешна по четири децении, а претходно на овие улици беше реконстуирана и фекалната канализација./МИА

Катругалос и Хаѕидакис за претседателските избори кај нас

Министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос и потпретседателот на Нова демократија, Костис Хаѕидакис во радио дуел за „Реал фм", меѓу другото дискутираа за првиот и претстојниот втор круг од претседателските избори кај нас.

Катругалос изрази надеж дека ќе победат силите што се борат против нетолерантноста, Хаѕидакис претпоставува дека ќе победи Пендаровски.

-Сакам да верувам дека ќе победат силите кои сакаат да се стави крај на нетолерантноста, но, исто така, сакам да истакнам дека дури и кандидатката на ВМРО не го има оспорено спроведувањето на Договорот од Преспа, рече шефот на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос.

Потпретседателот на Нова демократија објасни дека за Договорот од Преспа позицијата на партијата е веќе позната, а во однос на изборите истакна дека прашањето е дали ќе се постигне неопходниот консензус.

-Се чини дека веројатно е да се избере кандидатот на господинот Заев, поради тоа што, претпоставувам дека Албанците во вториот круг е пологично да гласаат за него, отколку за кандидатот на ВМРО, но секако прашањето е дали ќе се обезбеди потребниот консензус на изборите, 40 отсто, рече потпретседателот на Нова демократија, Костис Хаѕидакис за грчкото радио „Реал фм". /МИА.

притисни ентер