Гуаидо ќе дозволи американска воена интервенција?

Лидерот на венецуеланската опозиција Хуан Гуаидо изјави дека е подготвен да одобри американска воена интервенција.

Во исто време, тој истакна дека прашањето на американската воена употреба е многу деликатно.

  Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави  дека воената интервенција е “една од опциите”.

Потсетуваме, на 23 јануари, Гуаидо изјави дека ги презема претседателски должности . 

На 22 јануари  во земјата имаше илјадници протести, неколку дена откако Николас Мадуро влезе во вториот претседателски мандат.

Во мај минатата година, тој победи на изборот на шеф на државата со  кршење на правилата и политички притисок. Опозицијата го бојкотираше гласањето. Мадуро собра 70% од гласовите.

Повеќето земји од Латинска Америка и европските земји, САД и Канада, објавија дека изборите се нелегални и го  повикаа Мадуро да го напушти вториот мандат.

Досега, Гуиадо е признат како привремен лидер на земјата од над 40 земји, вклучувајќи ги САД и 20 земји на ЕУ, вклучувајќи ја и Македонија . 

На страната на неговиот противник Николас Мадуро се Русија, Иран, Кина, Турција, Белорусија, Боливија, Никарагва и Салвадор.

В петок возилата на јавниот превоз по неделен возен ред

По повод претстојните велигденски празници, в петок, 26 април, возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

По повод претстојните велигденски празници, в петок, 26 април, возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на автобусите на линиите 11, 11А, 18 А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 64А, 65А, 70, 74, 80А, 81, 118, 160, 180, што ќе возат по делничен возен ред.

Во сабота 27 април, недела 28 април, и понеделник 29 април, автобусите на сите линии ќе сообраќаат по неделен возен ред, соопшти ЈСП.

Автобусите по неделен возен ред ќе сообраќаат и во среда на 1 Мај-Меѓународниот ден на трудот.

Жичарницата на Водно ќе работи вообичаено сите празнични денови од 10 до 18 часот, а автобусите што сообраќаат до Средно Водно 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) в понеделник, 29 април, ќе возат по неделен возен ред.

Жичарницата во вторник, 30 април, нема да работи. /МИА

Во МАНУ предавање на Луис од Оксфорд, за примената на информатички алгоритми

Примената на информатичките алгоритми за да се појасни ефикасноста на длабокото учење, е темата на денешното предавање на професорот Ард Луис од Универзитетот Оксфорд.

Примената на информатичките алгоритми за да се појасни ефикасноста на длабокото учење, е темата на денешното предавање на професорот Ард Луис од Универзитетот Оксфорд, во организација на Истражувачкиот центар за компјутерски науки и информатички технологии при Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ.

Професорот Луис предава теоретска физика на Универзитетот во Оксфорд. Неговата истражувачка група работи интердисциплинарни истражувања, на границата меѓу теоретска физика и хемија, применета математика и биологија.

Заедно со неговата истражувачка група, работат во полето на комплексно однесување што се појавува како резултат на интеракција меѓу различни објекти. Специфични области кои се од интерес вклучуваат биолошки системи како на пример различни проблеми поврзани со ширење на вирус, наноструктура на ДНК, еволуција на генетски мрежи.

Едно од неговите хобиа е молекуларна гастрономија, која е применета наука во уметноста на готвењето. Неговиот Erdos-Bacon број е 6. /МИА

Заев: Имаме докази и одлуки за затворски казни

Единствената калкулација им е да стигнат повторно на власт за да докрадат тоа што не докрадија, а велат дека се сега новодојдени од ВМРО-ДПМНЕ и за да „штанцаат" аболиции и амнестии на бандитите и криминалците.

Но, со Стево Пендаровски ќе има правда, рече премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев на вечерашната трибина во центарот на Прилеп.

Тој истакна дека ветува дека колку и да е независен судскиот систем, мора да носи пресуди, да носи одлуки.

– А паднаа одлуки во тешки времиња кога се преговараше во Парламентот за двотретинско мнозинство. Паднаа и паѓаат одлуки. Имаме одлуки на првостепени судови, имаме и правосилни одлуки за кривични дела затворски казни, потврдени од Апелација. И ќе има одлуки, зашто има докази. Ќе види цела Македонија, а и ќе види целиот свет, зашто постојат и материјални и аудио докази. Сите го знаат тоа. И ќе нема застанување, зашто тоа е ставање ред и поредок, владеење на правото, законот да важи еднакво за сите. И ќе важи, нагласи Заев.

притисни ентер