По доаѓањето во Манчестер Сити во 2017 , Менди повеќе време помина на клупа или на опоравување од повреди , отколку во игра.
Тој беше многу пати казнуван и за прекршоци надвор од теренот , а сега успеа толку да го разлути Пеп , што тој опцу среде прес конференција. Кога го прашаа што прави фудбалерот во Хонг Конг , Пеп беше шокиран.
,,Ми кажа дека оди на еден ден во Париз , што е во ред , ама за Хонг Конг не знаев. Ќе треба да инсталирам Инстаграм за да ги следам играчите.” одговори Гвардиола , кој опцу на почетокот на одговорот.
По извесно време се огласи и фудбалерот , кој му напиша на Пеп дека се шегувал со возачот на Убер и дека не сака проблеми.