Епл ќе му плати голема сума на тинејџерот кој го откри проблемот со FaceTime

Проблемот со FaceTime се појави кога тинејџери планирале Fortnite стратегии и тогаш 14 годишен Американец го открил безбедносниот недостаток во системот за видео повик на Apple.

Епл не ја открива точната сума која ќе му ја даде на 14-годишниот Грант Томпсон, но се верува дека му дале пари доволни за да си го плати  образованието.Тинејџерот пронајде грешка така што  дека накратко можеше да се прислушуваат разговорите  на примателите на групен FaceTime повик.

Apple сметаше дека проблемот е толку сериозен што ја оневозможи функцијата FaceTime за групни повици додека не ја поправи.

Тинејџерот го открил проблемот кога го користел FaceTime за да разговара за стратегиите за играта Fortnite со пријателите.

Покрај тоа, Епл ги повикува експертите  за безбедност да учествуваат во програмата со која плаќа до 200.000 долари за отстранување на  најсериозните грешки.

Трогателен говор на Зорица Брунцлик на комеморацијата на Шабан Шаулиќ (ВИДЕО)

Комеморацијата на фолк ѕвездата Шабан Шаулиќ , кој загина во трагична сообраќајка во Германија , почна денеска во 11 часот во Собранието на Белград.

Погребот на Шаулиќ се одржа денеска во 15 часот во Алејата на заслужните граѓани на белградските гробишта. Покрај семејството на Шаулиќ , сопругата Гордана , ќерките Санела и Илда , синот Михајло и внукот Лука , цело време беше и сперскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

На комеморацијата трогателен говор одржа неговата долгогодишна колешка Зорица Брунцлик , која му беше и кума.

,,Мој куме толку многу минавме заедно во овие четириесет години – раѓање на децата , слави , свадби , секој товј и мој успех...Но , ја делевме и тагата кога ги испраќавме родителите на вечна почивка. Ќе останат нашите песни за вечни времиња , но со кого сега јас да ги пеам? “ , рече меѓу другото фолк ѕвездата.

Сопругата на Шаулиќ реши од саканиот сопруг да се раздели со песната ,,Не плачи душо” , која тој и ја посветил во 1984 година.

На комеморацијата , покрај стотиците јавни личности , се појавија и Жељко Јоксимовиќ и Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Депресијата е најчеста причина за самоубиства

Во Македонија во пораст се обидите за самоубиство. На годишно ниво се движат од 110 до 120. 

Дел од обидите се неуспешни и пациентите се спасени на клиниката за токсикологија, но лекувањето треба да продолжи на клиниката за психијатрија. Често но не и секогаш исчезнувањата на грѓаните завршуваат со самоубиство. Психијатрите велат дека Македонија во однос на останатите земји во Европа има ниска стапка на самоубиства. Но дека се уште е тајна да се разговара за проблем во семејството доколку некој посегнал по својот живот.

За социолозите човек се раѓа во група, секое изолирање од неа, секое чувство дека сте непотребен создава депресија. Многу често заминувањето и исчезнувањето, а потоа се дознава за смртта на човекот се отвораат прашањата колку можело нешто да се направи.

Големо влијание имаат и социјалните мрежи создавањето на паника и страв, велат социолозите. Деновиве се создаде страв околу исчезнувањето на луѓе и поврзување со киднпирања и убиства. Од МВР ги демантираа наводите дека на некој од исчезнатите им недостасувало органи. Секој од случаите се излорини и состојбата на смртта била предизвикана од различни фактори.

Заведува со поглед: Погледнете го ова драматично издание на Адриана Лима

Синоќа в о Лос Анѓелес е одржана гала вечерта „Hollywood For Sience” на која се појави и некогашната главна манекенка на Викторија сикрет, Адриана Лима.

Лима (37) се појави во необичен асиметричен фустан со неонски бои и уште еднаш го потврди овој тренд во модата.

Несекојдневниот краток фустан го искомбинира со проѕирни црни штикли, а драматичниот изглед го нагласи со мачкестиот ајлајнер кој допринесе Лима да изгледа многу упадливо.

Фустанот е креација на Дејвид Коме и во слободната продажба чини нешто помалку од две илјади фунти.

Foto: Getty

притисни ентер