По неа е наречено возилото кое на Марс ќе бара живот - која е Розалинд Френклин?

Во 2021 возилото ,,Розалинд Френклин”  ќе се спушти на Марс , за да бара хемиски елементи , што би упатувале на поранешно или сегашно присуство на живот на планетата.

Новото возило на Европската вселенска агенција е наречено по познатата британска хемичарка , која придонесе кон откривањето на структирата на ДНК.Сепак , за време на животот не доби ниедно заслужено признание. Научниците го избраа токму нејзиното име за роверот , избирајќи меѓу 36 000 предлози испратени од жителите на 22 држави , членки на Европската вселенска програма.

,,Нејзиното име е потсетник дека желбата за истражување е запишана во нашите гени. Самата идеја на науката и се што работиме во ЕВП , е запишано во нашите гени. “ изјави директорот на ЕВП , Јан Вернер .

Во рамки на мисијата ExoMars  2020 роверот ќе ги истражува земјата и карпите на Марс во близина на екваторот , во надеж дека ќе открие некои биохемиски процеси што се одвивале во минатото , а можеби траат и денес.

Роверот ќе биде еден вид добро опремена лабораторија , ќе прави дупки длабоки два метра и ќе ги анализира собраните примероци.

Мексико ќе одобри рекреативна употреба на кокаин за две лица

Судија во Мексико одобри употреба на кокаин како рекреативна дрога за две лица, што е прв ваков случај во таа држава.

Судот соопшти дека на лицата ќе им биде дозволено да поседуваат, транспортираат и консумираат кокаин, но не и да го препродаваат, тврди организацијата „Мексико обединето против криминалот“ пренесува ББЦ .

Организацијата  се бори да ја прекине војната против дрогата која во Мексико трае со децении, а одлуката на судот ја нарече историски чекор. Одлуката сега треба да ја разгледа и повисок суд пред истата да може да се спроведе.

Во изјавата на организацијата се наведува дека судот во Мексико Сити наложил на „Кофеприс“, водечката здравствена организација во државата, на двете наведени лица да им одобри рекреативна употреба на кокаин.

Се воведуваат повратни вендинг машини за пластични шишиња и лименки

Со помош на Фондот за иновации и технолошки развој, „Пакомак" стана првата македонска компанија што го воведува светскиот тренд во рециклирањето – повратни вендинг машини за пластични шишиња и лименки.

Целта на поставувањето на повратните вендинг машини (ПВМ) е да се мотивираат граѓаните што поефикасно и побрзо да се вклучат во процесот на селективно одложување отпад. Со самото учество во процесот ќе бидат соодветно наградени со т.н „зелени поени” кои може да ги користат за плаќање производи и јавни услуги (на пр. комунални такси, билети за јавен превоз, паркинг и сл.)

На почеток, „Пакомак" ќе постави машини во неколку општини низ земјата, а долгорочниот план опфаќа поставување машини на целата територија на државата. Проектот е наменет за сите граѓани, без разлика на возраста и социјалниот статус, а и системот на награди е приспособен за сите групи во општеството. Првиот прототип се очекува во првата половина на 2020 година.

Иако работи на истиот принцип како стандардните вендинг машини (се стават пари, се добива производ), поради обратниот процес (се става производ, се враќаат пари) таа се нарекува „повратна вендинг машина". Она што започна како експеримент во 70-тите години на минатиот век во Норвешка, денеска е многу успешен глобален проект кој на еден едноставен начин ја одржува нашата планета почиста, истовремено поттикнувајќи ги луѓето да рециклираат отпад./MИА

Три до пет проценти од децата во училиште се хиперактивни

„Нема внимание ниту во училиште, ниту во игра, знае да стане агресивно без никаква причина. “

„Заминавме на преглед ни рекоа дека има аутизам, но подоцна дознавме дека е состојба на АДХД или состојба на нарушување на вниманието или хиперактивно однесување“, ова е исповед на родител, чие дете има АДХД. Три до пет проценти кај децата во училиштата се со оваа состојба, многу почеста е кај момичињата, објаснува професорот по дефектологија Владимир Трајковски. За дефектолозите се уште многу малку се алармира за оваа состојба во училиштата и од страна на родителите, се препишува на состојбата дека едноставно детето е немирно, а тоа не е така. Многу често се испреплетува заедно и со состојбата на аутизам.

Разликата кај оваа состојба и кај аутизмот е што навремените вежби, дури и потребна терапија може да го намали целиот процес на хиперактивност и во натамошниот живот.

Професорот со совет дека во училиштата со стратот на секоја учебна година потребни се стратегии за вработување на стручен кадар за овие деца, бидејќи се оставени на товар на наставниците.

притисни ентер