Ауди претекнува камион во тунел, полицијата не реагира (ВИДЕО)

Маж и жена снимиле како автомобил Ауди претекнува камион во тунел преку двојна полна линија.

Мажот и жената на околу 30 годишна возраст објавија на социјалните мрежи видео од тежок сообраќаен прекршок на фреквентниот босански пат од Сараево кон Мостар.

На снимката се гледа дека авотмобилот дури сакал и да го премине камионот преку паркингот , што се наоѓа веднаш пред тунелот.

,,Гледај го дебилот” , коментира возачот на автомобилот од автомобилот од каде е снимен прекршокот.

Заведува со поглед: Погледнете го ова драматично издание на Адриана Лима

Синоќа в о Лос Анѓелес е одржана гала вечерта „Hollywood For Sience” на која се појави и некогашната главна манекенка на Викторија сикрет, Адриана Лима.

Лима (37) се појави во необичен асиметричен фустан со неонски бои и уште еднаш го потврди овој тренд во модата.

Несекојдневниот краток фустан го искомбинира со проѕирни црни штикли, а драматичниот изглед го нагласи со мачкестиот ајлајнер кој допринесе Лима да изгледа многу упадливо.

Фустанот е креација на Дејвид Коме и во слободната продажба чини нешто помалку од две илјади фунти.

Foto: Getty

Видео: По 38 години повторно најдена најголемата пчела на светот

Најголемата пчела на светот е повторно пронајдена во Индонезија, откако 38 години се сметаше за исчезната.

Се работи за  Валасовата џиновска пчела, чиј примерок, последен пат бил забележан во 1981-та година. Голема е колку палец на возрасен човек и е пет пат поголема од домашната пчела.

 Ја пронашол тим од јужноамерикански и австралиски биолози, сместена во гнездо на термити на дрво.

- Беше неверојатно да се види овој летечки булдог од светот на инсектите, за кој не бевме сигурни дали се уште постои, да се види колку е навистина голем, изјавил фотографот Клеј Болт.

Единаесет новозаболени од морбили, тројца хоспитализирани

Единаесет новозаболени од морбили се регистрирани вчера, од кои тројца се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести.

Останатите осум се амбулантски прегледани и пуштени на домашно лекување, информираат од таа јавна здравствена установа.

Меѓу хоспитализираните е осуммесечно бебе од Тетово невакцинирано со бронхопневмонија, 26-годишна пациентка од Тетово вакцинирана со една доза и 36-годишна пациентка од Тетово без податок за вакцинален статус со бронхопневмонија.

На Клиниката има 26 пациенти со морбили и компликации од кои 10 се возрасни, а 16 се деца.

Од осумте заболени кои биле амбулантски прегледани и пуштени на домашно лекување, две се деца на возраст од една и пол година и 14 години од Скопје, а едно е петмесечно бебе од Гевгелија, кои се невакцинирани. Останатите заболени кои биле амбулантски прегледани и пуштени на домашно лекување се на возраст од 21 до 36 години и за најголем дел од нив нема податок за вакцинална покриеност, посочуваат од Клиниката. 

притисни ентер