Нови оддели, апаратура и биолошка терапија за болните од мултиплекс склероза на Неврологија

 Нови оддели се отворени во рамки на Универзитетската клиника за неврологија.

Станува збор за одделот за мускулна биопсија и патохистолошка дијагностика на невромускулните болести, кој не работеше повеќе од пет години, и за негово отворање Клиниката обезбедила нов апарат криостат (за замрзнување и сечење на мускулното ткиво), одделот за ликворна дијагностика, кој е во склоп на биохемиската лабораторија, каде ќе се вршат пософистицирани испитувања на цереброспиналниот ликвор, како и Дневен центар за интравенска терапија на болни со мултиплекс склероза.

По тој повод Клиниката денеска ја посетија премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.

– Клиниката за неврологија со условите кои ги нуди за своите пациенти веќе наликува на современите болници во Европа. Новиот апарат за биопсија на мускул за пациентите ќе овозможи попрецизна дијагноза на невромускулните болести. Бенефит, пак, од лабораторијата за испитување на мозочната течност која е една од најсовремените ќе биде побрзата и попрецизната детекција на дијагностицирање на болестите на мозокот. Ова претставува нова метода во нашиот здравствен систем, истакна Заев.

Посочи дека конечно болните од мултиплекс склероза од сега таканаречената биолошка терапија ќе ја примаат на Клиниката за неврологија под соодветен медицински надзор во новата дневна болница отворена токму за нив.

– Иако за себе не можам да кажам дека сум некој посебен експерт во областа на здравството, но знам дека сето ова во голема мерка ги унапредува условите за лекување на нашите граѓани, но и ја подобрува состојбата на македонското здравство во целина. Благосостојбата и здравјето на граѓаните се во нашиот фокус. Годинава во буџетот за здравствена заштита се издвоени средства во износ од 30 милијарди денари, што во споредба со 2018 година е за околу две милијарди денари повеќе, потенцира Заев.

Нагласи дека предвидено е зголемување на средствата за здравствените програми, болничкото лекување за одделни ранливи групи ќе биде бесплатно, а обезбедени се пари за набавка на нови лекови за пациентите со ретки болести.

– Донесовме одлука новиот Универзитетски клинички центар да се гради во месноста Веле поле во Ѓорче Петров, а во континуитет растат и платите на медицинскиот кадар. Ве уверувам дека Владата многу наскоро како Влада на Република Северна Македонија и натаму неуморно ќе работи за граѓаните. Ќе создаваме здравствен систем според европски стандарди, здравствен систем кој во центарот на своето внимание секогаш ќе ги има пациентите, додаде Заев.

Министерот Филипче рече дека повторно се воспоставува дополнителен број пациенти на нова биолошка терапија, а профукционира и лабораторијата на мускулна дијагноза со што овој центар е единствен кој во државата ја дава услугата за дијагноза на невромускулните болести.

Појасни дека ја посетиле и дневната болница, каде ќе се дава терапија за пациентите со мултиплекс склероза, како во современите земји.

– Подготвуваме групна набавака на биолошка терапија, што овозможи на крајот на минатата година, а посебно годинава зголемен број пациенти да ја примаат. Досега ја примаат девет пациенти со мултиплекс, а од оваа година 45. Нова метода пред неколку месеци се направи на Клиниката мултидисциплинарно заедно со клиниките за радиологија и неврохирургија, а тоа е треманот на мозочен удар која е најсовремена метода која се имплементира во сите современи центри ширум светот. Тоа значи дека ако пациентот дојде во скоро време од почеток на симптомите за мозочен удар, некаде три до четири ипол часа може тромбот да се извади од запушениот крвен сад во мозокот, циркулацијата повторно да се воспостави и значајно да се намалат последиците и да се спаси животот, додаде Филипче.

Директорот на Клиниката за неврологија, Иван Барбов рече дека освен што вршат едукација на медицински сестри, студенти и специјализанти по неврологија се занимаваат и со болничка дејност. Посочи дека во 2018 година низ нивните амбуланти поминале 31.000 пациент, а болнички лекувале 1.800 пациенит.

– Најчеста патологија се мозочните удари кои се обидуваме да ги лекуваме на најсовремен начин. Најновите технологии, тромболизата е воведена веќе неколку години. При крајот на 2018 година почнавме со лекување на пациентите со механичка тромболиза. Втори по фреквенција се пациентите со мултиплекс склероза, ги имаме регистрирано околу 1.000 во Македонија и може да се пофалиме дека голем број речиси 460 се на биолошка терапија од кои на најновите лекови во моментов имаме 30 пациенти. Со програмите за годинава имаме зголемување за 300 отсто на бројот на пациенти кои ќе бидат опфатени со оваа интравенска биолошка терапија и први во регионот ќе набавиме нов иновативен лек кој се користи во терапија на пациентите со мултиплекс склероза, додаде Барбов.

Лицето на ова девојче го избезуми жирито (видео)

 Никој не го очекуваше она што се случи, во студиото завладеа тишина! 

Сè падна во втор план кога таа заблеска.

Танцот е еден од најстарите начини на изразување емоции. Танцовите жанрови исто така се менувале низ историјата на човештвото. Бројните натпревари се можност танчарите да ги покажат своите вештини. На еден од бројните натпревари се појави девојче од едвај 10 години кое го воодушеви жирито со своите танцувачки вештини.

Меѓутоа, во желбата да биде поинаква и забележана, ова девојче прибегнало кон драстичен трик, па своето лице за настап го нашминкало како да оди на Ноќта на вештерките. Кога таа се појавува на сцената со нашминканото лице, сите занемуваат, особено членовите на жирито.

Десетгодишната Сидни Абот најпрво се претставува пред жирито облечена во тренерки, а со првите звуци на музиката ги соблекува и останува во црно трико. Нејзиниот настап е проследен со музика како од хорор филмовите, а таа со своите танцувачки вештини како да сака да евоцира сцена достојна за најстрашните хорор филмови. Судејќи по реакциите на членовите на жирито, но и на публиката во студиото, малата Сидни успеа во тоа.

@gottalentglobal Don't Let Her Cuteness Fool You! #contortionist #creepy #kid #dancer #canadasgottalent #gottalent #howiemandel #LillySingh #TrishStratus #kardinaloffishall ♬ original sound - Got Talent Global

За време на настапот таа изведе неверојатни акробации, па затоа доби громогласен аплауз и од членовите на жирито и од публиката.

Видеото привлече големо внимание на Тикток, а луѓето беа воодушевени од нејзиниот талент.

- Се прашувам како го открила овој талент.

- Земете ја за актерка во хорор филмови.

- Имаш совршен талент!

- Дали само јас се преплашив од ова?

- Ова е претерано за мене, особено затоа што се работи за мало девојче.

- Танцот е совршен, но ваквата шминка е претерана, не би сакал да ја сретнам во некоја темница.

-Би сакала да ги видам нејзините родители и да знам зошто дозволуваат едно дете да настапува облечено и нашминкано вака.

- Ми треба за скриена камера - беа дел од коментарите.

Многумина признаа дека целото шоу го изгледале во еден здив. Иако многумина забележале дека девојчето е многу младо и има огромен талент, сите се согласиле дека „ѕвездата е родена“. Но, имаше и такви кои веруваат дека на децата не им се потребни вакви изведби и дека родителите не треба да ги насочуваат кон вакви работи, дури и да се работи за уметничко изразување.

Бебе од речиси една година плива и нурка како професионален ватерполист (видео)

Снимка што го одзема здивот.

„Таа веќе излегува од вода со сиот сјај на познатите спортисти“!

Во првите месеци од животот, бебињата инстинктивно рефлексно ја затвораат устата и го задржуваат здивот кога ќе се најдат под вода. Овој рефлекс се нарекува „рефлекс на пливање“ и им помага да преживеат во вода. Сепак, бебињата не нуркаат свесно како возрасните. Ако бебето случајно заврши под вода, неговиот природен рефлекс ќе го заштити од голтање вода.

Според експертите, бебињата би можеле да почнат да тренираат пливање некаде помеѓу четвртиот и шестиот месец, но тоа може да варира во зависност од индивидуалниот развој на детето и препораките на педијатарот. Важно е родителите да се консултираат со педијатар за да се уверат дека нивното дете е подготвено за оваа активност. Часовите по пливање за бебиња можат да бидат корисни за развивање на моторичките вештини, самодовербата кога се во водата и за јакнеење на врската помеѓу родителот и детето, бидејќи неретко еден од родителите е во вода со бебето.

Едно видео на кое едногодишно девојче плива, нурка, и стои на рацете од својот татко додека позира стана многу популарно. Но, начинот на кој тоа го прави е идентичен со оној на возрасните пливачи кои професионално се занимаваат со пливање.

Бебето без капа и очила за пливање стои на рацете од својот татко и скока главечки во базенот. Таткото кој е тренер, ни за момент не ѝ ги пушта нозете. Малото девојче се нурнува и потоа излегува плескајќи со рачињата. Потоа, грациозно застанува на рацете од својот татко, одржувајќи совршена рамнотежа и позира, па продолжува одново.

Снимката освоила 1.148.000 „лајкови“ на Инстаграм и мноштво коментари.

- Ми се допаѓа како си аплаудира секој пат кога ќе излезе од вода.

- Ова бебе страшно ме инспирира! Малите деца се толку слободни и амбициозни што би требало да учиме од нив како да ја прифатиме таа бестрашност и да се соочиме со препреките во зрелоста.

- Таа веќе излегува од водата со сиот сјај што го имаат познатите спортисти!

- Има целосна доверба во својот татко!

- Најубавото видео за пливање што сум го видел – коментираат корисниците на Инстаграм.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

притисни ентер