ИЈЗ: Регистрирани 1.252 заболени од грип, два смртни случаи за три дена

Во текот на изминатата недела (од 28 јануари до 3 февруари), се регистрирани 1.252 заболени од грип, што е речиси двојно зголемување споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 643 заболени од грип.

 Се очекува пораст на активноста на вирусот и достигнување на пик на сезоната на грип во текот на следните недели, се наведува во извештајот, што на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје.

Епидемиологот Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје информираше дека на 5 февруари 25-годишна девојка од Охрид починала на КАРИЛ поради компликации од грип. На 6 февруари, пак, петгодишно девојче од Скопје почина на Клиниката за детски болести од компликации предизвикани од грип.

Во извештајот на ИЈЗ се наведува дека бројот на пријавени лица оваа недела е помал за 37,4 отсто споредено со петтата недела од минатата сезона кога беа регистрирани 2.001 случаи. Регистрираната инциденца oваа недела за прв пат оваа сезона е над неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип.

Оваа недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се 50 материјали за тестирање на грип, од кои 28 (56 отсто) позитивни за присуство на вирусот на грип – 24 Influenza A(H1N1)pdm09, два – Influenza A(H3) и два Influenza А несуптипизиран.

Најголем број заболени (826) се пријавени во најголемата возрасната група од 15 до 64 години, а највисока инциденца од 91,6 на 100.000 жители е регистрирана кај децата од возрасната група од пет до 14 години.

Оваа недела пријавени се заболени лица од 25 извештајни единици. Најголем број заболени се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Струмица (176), а највисока инциденца е регистрирана на подрачјето на Подрачната единица Кратово (313,5 на 100.000 жители).

Во сезоната 2018/2019 вкупниот број на заболени од грип изнесува 4.125. Споредено со истиот период од минатата сезона кога беа регистрирани 5.479 случаи, постои намалување на вкупниот број на пријавени случаи за 24,7 отсто.

Според податоците добиени од Управата за електронско здравство, вакцинирани се 19.960 лица со бесплатни вакцини против сезонски грип (лица постари од 65 години со просечна, потпросечна пензија или без примања), односно 71,3 отсто од вкупниот број на набавени вакцини.

Од категоријата на здравствени работници, вакцинирано е 801 лице или 4,1 отсто, нема вакцинирани бремени жени. Од вкупниот број вакцинирани, 14.095 лица или 72,9 отсто се со историја на хронично/и заболување/а, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје.

Епидемијата на мали сипаници заврши

И по завршувањето на епидемијата остануваат истите мерки на сила невакцинирани деца да не се примаат во градинка и во училиште.

Епидемијата на мали сипаници заврши. Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство констатираше дека се исполнети сите услови, од како по 45 дена од последниот пријавен лабораториски случај на мали сипаници или два максимални инкубациски периода од последниот потврден случај.

И по завршувањето на епидемијата остануваат истите мерки на сила невакцинирани деца да не се примаат во градинка и во училиште.  Инаку, вкупниот број регистрирани случаи со морбили во нашата држава, од декември 2018 година до крајот на минатата недела изнесуваше 1.901 случаи.  Според вакциналниот статус, вкупно 1.530 или 80,5 проценти од заболените деца биле невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус. Четири деца починаа од компликации од морбили.  Со оглед на фактот дека болеста се регистрира во целиот Европски регион, можна е појава на поединечни импортирани случаи и ограничено ширење на болеста кај невакцинирани лица.

Срцев пејсмејкер по венски пат првпат во државава поставен кај петгодишно дете во „Аџибадем Систина"

Тим доктори од Клиничката болница „Аџибадем Систина" првпат во државава, по венски пат поставија траен електростимулатор на срцето – пејсмејкер кај дете. 

Овој начин на поставување е стандарден за возрасни пациенти, но сега македонските доктори го изведоа на петгодишно девојче, кое е во добра состојба и по интервенцијата е пуштено дома, соопштија од болницата.

На девојчето, како што информираат од болницата, еден месец по раѓањето му е дијагностициран проблем со срцето. Тогаш д-р Владимир Чадиковски, детски кардиохирург, кај новороденчето поставил траен срцев електростимулатор, односно пејсмејкер во стомачето со електрода од надворешната страна на срцето. Со текот на времето, а поради честото прилагодување на пејсмејкерот се потрошила батеријата, па истиот требало да се замени.

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина", д-р Иван Трајков и д-р Дејан Ковачевиќ, електрофизиолози аритмолози, извршија замена на постојниот пејсмејкер со нов, но овој пат интравенозно. Анестезијата беше водена од страна на д-р Мирјана Крмзова и д-р Александар Радоешки. Процедурата, која траеше околу триесетина минути, е со поддршка од д-р Чадиковски, кој во истовреме го извадил стариот електростимулатор од стомачето на детето, наведуваат од болницата.

– По дадено контрастно средство во вена добивме комплетна слика на венскиот систем во десна потклавикуларна регија каде се наоѓа вената која е подобна за боцкање. Преку таа вена се постави жица и уводник – преку кој се воведе електродата. За позиционирање на електродата во десната комора се користеше минимално РТГ-зрачење. Потоа кај електродата дополнително се направи уште една кружна кривина, која би се одвиткала при растење на детето. Потоа се постави посебен, најмал по димензии срцев електростимулатор специјално наменет за детската популација, додаде д-р Трајков. 

Фото: Ана Николиќ во секси долна облека!!!

Популарната пејачка Ана Николиќ предизвикува воздишки во секси долна облека и халтери.

Атрактивната пејачка на голема врата се враќа на музичката сцена по отсуството поради мајчинство.

Откако долго работела на враќање на својата совршена става сега Ана изгледа подобро од било кога, а тоа го покажува и докажува во провокативните модни комбинации.

Ана за снимањето на спотот на новата песна одлучила да одбере една супер секси комбинација, жолта секси долна облека од тантела и халтери.

притисни ентер