Леброн и Јанис ги избраа кошаркарите за своите екипи на НБА Ол Стар мечот

Мечот на сите ѕвезди во НБА лигата годинава за прв пат ќе се игра по нов  формат. Веќе го нема класичниот дуел на Истокот и Западот, сега капитените на дивизиите ги избираат кошаркарите.

Леброн Џејмс како кошаркар со најголем број на добиени гласови е капитенот на Западот, а Јанис Адетокумбо е во истата улога на Истокот. Тие двајца имаа можност да избираат од сите понудени кошаркари и да ги првата своите екипи.

Леброн имаше право да избира како прв, и го одбра својот пријател Кевин Дурент како прв пик, Јанис Адетокумбо  пак се одлучи за соиграчот на Дурент од шампионот Голден Стејд, извонредниот Стеф Кари.

Во тимот на Западот покрај Лебон Џејмс и Кевин Дурент ќе играат и Кајри Ирвинг, Кавај Ленард, Ламаркус Олдриџ, Бредли Бел, Антони Дејвис, Лилард, Бен Симонс, Кајл Томс и Двејн Вејд.

Во составот на Истокот , во првата петорка покрај Јанис Адетокумбо и Стеф кари ќе бидат и Џоел Ембид, Пол Џорџ и Кемба Вокер, а на клупата за резерви се Блек Грифин, Никола Јокиќ, Кај Лаври, Крис Мидлтон, Новицки, Оладипо , Данџело Расел, Никола Вучевиќ и Расел Вестбрук.

НБА Ол Стар викендот е на програмата од 15 до 17 февруари во Шарлот.

Руска атлетичарка се онесвестила на тренинг и починала

Тажна вест доаѓа од Русија , каде почина 22 годишната атлетичарка Маргарита Плавунова .

Младата атлетичарка починала среде тренинг во местото Моршанск , во Тамбовската област.

Атлетичарката  се онесвести за време на тренингот откако и се слошило. Руското регионално атлетско здружение соопшти дека причина за смртта е срцев удар, и иако била повикана брза помош, на спортистката и немало спас.

Русинката беше повеќекратен регионален шампион, како и  универзитетски на трките  со пречки на 60 метри. Таа, исто така, се натпреваруваше во трките на 100 и 400 метри со пречки.

На 100 метри нејзиниот најдобар резултат беше 14.06, а покрај спортската кариера, беше и модел.

Шпанските медиуми го најавија мегатрансферот на Нејмар

Со фантастична насловна страна шпанскиот магазин АС веќе го најави мегатрансферот на Нејмар во мадридски Реал.

Шпанските медиуми објавија дека Реал ќе ја чека последната недела на преодниот рок за да го доведе Нејмар , а доколку ПСЖ прифати некоја од понудите на Барселона , веднаш ќе се впушти во аукција.

,,Во Мадрид ги бројат парите” е напишано на насловната страница на АС , каде се најавува огромниот трансфер на Нејмар во Реал. За разлика од Барселона, реал полесно би ја поднел финансиски големата плата на Бразилецот , која изнесува 37 милиони евра.

Видео: „Волшебникот“ Меси повторно тренира

Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси повторно е во тренажен процес во кампот на Барселона.

Капитенот на Барса поради повреда на листот на ногата пропушти неколку тренизи, но сега е подготвен за нови успеси на зелениот терен.

Меси се врати на тренинг и веднаш започна со својата магија, да игра во голем стил како да немал повреда на ногата. По секој потег можеше да се забележи колку му недостасувала буба марата .

Фановите на Барселона велат дека нивниот миленик е подготвен да ги „тероризира“ одбраните на противничките екипи.

притисни ентер