Докторите и направиле трим операции , за да го сместат срцето во градниот кош. Сега девојчето и нејзините родители ги отпуштија од медицинскиот центар Квинс , каде е префрлена во мај минатата година за да им биде поблиску на родителите , кои живеат во местото Балвил.
И порано минувала по некоја ноќ во куќата со родителите , но дури сега по 14 месеци е трајно отпуштена на домашна нега.
,,Докажа дека е борец. Бори се и натаму и ние со тебе. “ , изјави таткото на девојчето , Дин Вилкинс.
,,Не можеме да поверуваме дека си доаѓа дома . Истовремено сме возбудени и преплашени . Сега одговорноста е наша. “ вели мајката Наоми Финдли.