Тројно зголемен бројот на заболени од морбили во Европа

Минатата година во Европа е забележан рекорден број заболени од морбили , делумно и затоа што родителите одбиваат да ги вакцинираат децата , објави Светската здравствена организација.

Во исто време е спроведена и рекордна вакцијанција што во СЗО создава надеж дека бројот на заболени ќе се намалува. Во текот на 2018 најголем број заразени од морбили имало во Украина и во Србија.

Вкупно во цела Европа се забележани 82 596 заболени од морбили  во 2018, најголем број во последните десет години.

Над 90% од случаите се појавиле во 10 европски земји , меѓу кои и во Франција , Италија и Грција.  Од морбили во Европа лани починале 72 лица , додека претходната година тој број изнесувал 42. 

Од вкупниот број заболени , во Украина се забележани 53 218 случаи , во Србија 5076 , во Израел 2 919 , во Франција 2 913, во Италија имало 2 517 случаи , во Русија  2256 , Грузија  2203, Грција 2193, Албанија 1466 и во Романија 1087 заболени.

Од СЗО сметаат дека и покрај зголемениот број вакцинирани , нема да се запре ширењето на морбилите.

Заведува со поглед: Погледнете го ова драматично издание на Адриана Лима

Синоќа в о Лос Анѓелес е одржана гала вечерта „Hollywood For Sience” на која се појави и некогашната главна манекенка на Викторија сикрет, Адриана Лима.

Лима (37) се појави во необичен асиметричен фустан со неонски бои и уште еднаш го потврди овој тренд во модата.

Несекојдневниот краток фустан го искомбинира со проѕирни црни штикли, а драматичниот изглед го нагласи со мачкестиот ајлајнер кој допринесе Лима да изгледа многу упадливо.

Фустанот е креација на Дејвид Коме и во слободната продажба чини нешто помалку од две илјади фунти.

Foto: Getty

Видео: По 38 години повторно најдена најголемата пчела на светот

Најголемата пчела на светот е повторно пронајдена во Индонезија, откако 38 години се сметаше за исчезната.

Се работи за  Валасовата џиновска пчела, чиј примерок, последен пат бил забележан во 1981-та година. Голема е колку палец на возрасен човек и е пет пат поголема од домашната пчела.

 Ја пронашол тим од јужноамерикански и австралиски биолози, сместена во гнездо на термити на дрво.

- Беше неверојатно да се види овој летечки булдог од светот на инсектите, за кој не бевме сигурни дали се уште постои, да се види колку е навистина голем, изјавил фотографот Клеј Болт.

Единаесет новозаболени од морбили, тројца хоспитализирани

Единаесет новозаболени од морбили се регистрирани вчера, од кои тројца се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести.

Останатите осум се амбулантски прегледани и пуштени на домашно лекување, информираат од таа јавна здравствена установа.

Меѓу хоспитализираните е осуммесечно бебе од Тетово невакцинирано со бронхопневмонија, 26-годишна пациентка од Тетово вакцинирана со една доза и 36-годишна пациентка од Тетово без податок за вакцинален статус со бронхопневмонија.

На Клиниката има 26 пациенти со морбили и компликации од кои 10 се возрасни, а 16 се деца.

Од осумте заболени кои биле амбулантски прегледани и пуштени на домашно лекување, две се деца на возраст од една и пол година и 14 години од Скопје, а едно е петмесечно бебе од Гевгелија, кои се невакцинирани. Останатите заболени кои биле амбулантски прегледани и пуштени на домашно лекување се на возраст од 21 до 36 години и за најголем дел од нив нема податок за вакцинална покриеност, посочуваат од Клиниката. 

притисни ентер