Видео:Страшен пад, Линдзи Вон заврши во оградата, за среќа без повреди

Легендата на светското скијање големата шампионка Линдзи Вон имаше голема среќа за време на својата последна трка во Супер-Џи во кариерата. 

Американската скијачка мина без повреди при страшниот пад на својата последна трка во Супервелеслалом.

Екс олимписката шампионка која најави дека ја вози последната сезона во кариерата, на трката во шведскиот Ореу удри во капија и падна при голема брзина  по што летајќи низ воздухот заврши во заштитната ограда.

По падот Линдзи сама се врати на патеката и со овации од публиката мина низ целта.

Брутоално го претепа противникот, па се молеше за неговиот живот (ВИДЕО)

Еден од најбруталните нокаути годинава е забележан во познатата бразилска организација Future ММА на приредбата Jungle Fight 86 .

Џонас Билхарињо го нокаутираше Џуниор Дуарте со брутално летечко колено. Ривалот беше толку повреден што Билхарињо веднаш ја запре прославата, падна на колена и почна да се моли за Дуарте биде во ред.

За Билхарињо ова беше прва борба по три и пол години. Запиша седум победи во својата кариера, само еден пораз и едно реми. По неговиот единствен пораз, тој направи пауза до овој викенд , кој заврши со брутално претепување на  Дуарте.

Порака до Ѓоковиќ , Федерер и Надал - ,,Ќе ве тргнeмe од врвот”

Денис Шаповалов го освои турбнирот во Стокхолм , прв во својата кариера.

20- годишниот канадски тенисер , моментално на 27. место на АТП листата , по победата изјави дека е време младите да ја наследат големата тројка – Режер Федерер , Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

"Сигурен сум дека ќе има многу изненадувања следната сезона. Очигледно, големите тројца се уште се таму, тие се уште играат добро. Сепак, порано или подоцна, ќе ги исфрлиме од врвот. Само треба да бидеме трпеливи", рече Шаповалов, откривајќи кој би можел да ги загрози најдобрите.

"Помладите играчи полека се искачуваа по скалите на АТП. Медведев направи голем пробив во последните неколку месеци. Сигурен сум дека многумина ќе го следат затоа што има многу талентирани момци. Постојат и Тијафое, Циципас, Зверев ... Секој има свој пат."

Канаѓанецот е исто така еден од оние кои би можеле да ја одбележат иднината на тенисот.

"Мислам дека лесно се пробив на  АТП-скалата со неколку добри резултати. Сепак, мојата игра сè уште не е на највисоко ниво. Имав многу подеми и падови. Така, во последните неколку години работев да ги корегирам слабостите во играта, така што е уште подобра". , заклучи тој.

УЕФА ја казни Србија , во ФСС не знаат зошто

Дисциплинската комисија на УЕФА го казни Фудбалскиот сојуз на Србија со два натпревара пред празни трибини (вториот натпревар условно) поради организациски пропусти на натпреварот против Португалија (2:4).

Од УЕФА сè уште нема стигнато образложение за одлуката, но сигурно е дека само на деца до 14 години ќе им биде дозволен пристап на трибините на натпреварот на домашен терен  против Луксембург.

Таков пример веќе е виден на натпревар на Партизан во Лигата на Европа.

Само теоретски шанси има за  Србија да влезе директно во Европското првенство. Имаат уште два натпревари до крајот.

Дома им доаѓа Луксембург , а три дена подоцна ќе бидат домаќини на Украина.

притисни ентер