Се фалат дека не ги фотошопирале фотографиите, а многумина се прашуваат: Па тогаш какви мани имаа таа? (фото)

Онлајн продавницата „In The Style” ја пушти во продажба новата линија за долна облека инспирирана од Денот на вљубените.

Она што посебно ги воодушеви луѓето ширум свето е фактот дека манекенката која носи долна облека е прикажана во природно издание без фотошоп и без разубавување на фотографијата.

Истакнале дека намерно ги прикажале сите неправилност кои можат да се најдат на женското тело сакајќи да го претстават тоа како сосема нормална појава.

На манeкенката јасно се гледаат лузните, стриите, младежите и сето она што е составен дел од една жена.

„Вистинско освежување е да се види како долната облека стои на вистинско, реално женско тело“. „За некој кој се породил пред четири месеци ова е феноменално. Ви благодарам што направивте да се чувствувам нормално“ беа само некои од бројните коментари кои жените ги упатија кон оваа кампања.

Оваа кампања е осмислена и да испрати пораки до жените да се сакаат себе си без оглед на тоа како изгледаат.

„Во време кога сме бомбардирани со слики од совршени жени кои испраќаат поради до обичните жени дека не се доволно добри, ние сакаме да испратиме порака дека никој не треба себе си да се разубавува. Вие сте веќе совршени“ – изјавиле од „In The Style”.

Критичарите изјавиле дека сепак избрале манекенка која само по себе и нема некои мани, па доколку сакале да ја прослават несовршеност тогаш тоа требало појасно да го покажат на фотографиите.

Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва

Почина уште едно повредено лице кое беше во критична состојба по нападот пред една недела во Москва, изјави рускиот министер за здравство Михаил Мурашко.

Така, бројот на загинатите во терористичкиот напад што се случи на 22 март во концертната сала „Крокус сити хол“ се зголеми на 141, а уште неколку повредени се во тешка здравствена состојба.

Министерот рече дека починатиот пациент имал сериозни прострелни рани, јавија руските медиуми.

Појавата на сплескана глава кај бебето може да се спречи со неколку прости чекори

Синдромот на сплескана глава или плагиокефалија се однесува на деформациите на главата на бебето што настануваат пред или по раѓањето поради надворешни влијанија врз неговата мека черепна структура. 

Тоа може да се спречи со неколку едноставни чекори.

Како прво, новороденчето не треба да спие на една страна цела ноќ. На секои два - три часа родителот треба да му ја менува положбата на бебето кое спие. Така притисокот не е само на една страна на главата.

И кога мајката го дои малечкото, или го храни со шише, исто така треба да се менува раката и страната на држење. Така се поттикнува бебето само да ја врти главата.

Бебињата треба да спијат на грб. Но, стручњаците препорачуваат - додека новороденчето е будно, да биде барем кусо време легнато на стомак.

Важно е, пред сѐ, да се напомене дека многу бебиња го надминуваат овој проблем кога ќе почнат да лазат или да седат. Истражување спроведено во Америка покажа дека речиси половина од бебињата на возраст меѓу седум и 12 недели имаат плагиокефалија, а 78 отсто од нив имаат благ облик од оваа деформација.

Ако сè уште сте загрижени, порталот „Кликс“ препорачува консултации се педијатар. Бебињата на кои им е дијагностицирана посериозен облик на плагиокефалија добиваат посебна капа за тоа. /МИА

Хашкиот суд му нареди на Израел да дозволи непречен проток на помош во Газа

Меѓународниот суд на правдата во Хаг му нареди на Израел да дозволи непречен проток на помош во Газа за да се спречи гладот во палестинската енклава.

Во едногласната одлука на највисокиот суд на Обединетите нации, беше речено дека Израел мора да дејствува без одлагање и да дозволи „обезбедување на итно потребните основни услуги и хуманитарна помош. Најпотребната помош вклучува храна, вода, електрична енергија, гориво, засолниште и облека, како и средства за хигиена и медицински материјали, пренесува Би-Би-Си. Израел обвинувањата дека земјата ја блокира помошта ги нарече „целосно неосновани“ и соопшти дека продолжува да промовира нови иницијативи за да овозможи континуиран проток на помош во газа по копно, воздух и море.

притисни ентер