ПOСНА БАНИЦА - СЕЧЕНИЦА

Рецепт на: Лиле Тодорова

Потребни состојки:  1 кг брашно, 1 квасец, 500 гр. лобода, 1 маргарин, 400 мл.млака вода, ½  филџан масло, 1 лажичка шеќер, 2 лажички сол и неколку маслинки

Постапка:

Во подлабок сад со брашно се става: квасец, шеќер, сол, масло, вода и се замесува тесто.

Тетстото треба добро да се измеси и се остава да отстои околу 15 минути.

Откако ќе отстои тестото се дели на 9 топки.

Од секоја топка со расукување се добиваат 9 кори.

На првата кора се става маргарин и малку брашно.

Врз неа се реди втората кора и се повторува постапката.

Врз втората кора се реди третата кора и се додава брашно.

Истата постапка со групирање на 3 кори се повторува и со останатите 6 кори.

Трите групирани кори се расукуаат во поголема кора, односно со големина колку што е тавата.

Кората се става во тава премачкана со маргарин и се поросува со масло,

Одозгора се реди лобода и се покрива со втората кора.

Повторно се реди лобода и се покрива со третата кора.

Питата се сече на квадрати и се остава да отстои 30 минути.

Потоа се пече во загреана рерна околу 40 минути на тивок оган.

На крај секое парче се декорира со 1 маслинка.

Преубавата манекенка ги воодушеви своите фанови

Таа се прослави како заштитно лице на познатиот бренд  „Викторија Сикрет“

Преубавата манекенка Роми Стријд ги воодушеви своите фанови ширум светот со новите атрактивни фотографии. Оваа убавица од ден во ден станува се повеќе популарна. Дефинитивно никој не може да остане рамнодушен на нејзината убавина.

Крај за „McLaren 600LT“ после една година произведување

Како што најавија од компанијата „McLaren“ после една година е окончано производството на моделот „600LT“ и на тој начин го прават овој модел уште по ексклузивен.

Последните примероци од овој модел го напуштија погонот за производство и со тоа „McLaren“ заврши уште еден успешен дел од својата историја.

Видео: Најдолгиот зиплајн на светот

На планината Јебел Јаис во Обединетите Арапски Емирати, се наоѓа најдолгиот зиплајн на светот. Долг е скоро три километри.

На овој зиплајн можете да достигнете брзина од дури 170 Км/ч, погледнете во видеото како тоа изгледа во пракса.

притисни ентер