За пет години во Македонија 203 жени умреле од карцином на грло на матка

Во Република Македонија во периодот од 2012 до 2016 година од карцином на грло на матка умреле 203 жени.

А бројот на умрени жени од карцином на грло на матка секоја година се зголемува за шест отсто, покажуваат резултатите од направената анализа од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените-ЕСЕ.

– И покрај оваа алармантна состојба, Министерството за здравство издвојува средства и дава можност само 28 отсто од жените на возраст од 24 до 60 години да направат бесплатен ПАП-тест преку Програмата за скрининг на карцином на грло на матка, а секоја година со оваа програма опфаќа помалку жени од предвидениот број и троши помалку средства од издвоените. Во периодот од 2012 до 2017 година, 56 отсто од жените на возраст од 24 до 60 години не биле поканети да направат бесплатен ПАП-тест со Програмата за скрининг на карцином на грлото на матката, а пак на 72 отсто од жените не им бил направен ПАП-тест преку Програмата во изминатите шест години, велат од ЕСЕ.

Во анализираниот период, кај 13.317 жени или пак во просек кај осум отсто од цитолошки анализираните брисеви утврдени се одредени клеточни абнормалности. Најголем број на клеточни абнормалности или 14,9 отсто се утврдени во 2016 година.

-Доколку со Програмата за скирнинг на карцином на грлото на матката биле опфатени сите жени на возраст од 24 до 60 години во изминатите шест години, одредени клеточни абнирмалности би се идентификувале кај приближно 44 илјади жени што значи дека кај нив е пропуштена можноста за рано откривање на предраковите промени и карциномот на грлото на матката, и со тоа навремено излекување и продолжување на животот на жените, велат од ЕСЕ.

Во анализата се вели и дека нискиот опфат на жени со Програмата за скрининг на карцином на грло на матка се должи на нискиот буџет и на недостигот од гинеколози на примарно ниво во Македонија, а и на малиот број на гинеколози вклучени во реализација на програмата (85 од 130).

-Поради континуираниот пораст на смртноста кај жените, Министерството за здравство за спроведување на еден циклус на скрининг на карцином на грло на матка за наредните три години години (2019 -2021 година) мора да обезбеди вкупно 109.942.560 денари за да опфати над 50 отсто од жените на возраст од 24 до 60 години или пак 36.647.520 денари на годишно ниво за оваа намена. А пак, за наредниот циклус на скрининг на карцином на грло на матка во периодот од 2022 до 2025 година да обезбеди 163.149.558 денари денари за да обезбеди опфаќање на 80 отсто од жените на возраст од 24 до 60 години или пак 54.383.186 денари на годишно ниво, наведуваат од Здружението ЕСЕ.

Од ЕСЕ велат дека воедно потребно е да се воспостави една национална програма за скрининг на ракот на грлото на матката, каде прецизно ќе се дефинираат критериумите и одговорностите на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување со која ќе се превенира предвремената смрт на жените во Македонија.

-Моментално и Министерството за здравство и Фондот паралелно предвидуваат превентивни активности за рано откривање на ракот на грлото на матката, без меѓусебна комуникација и координација, соопштуваат од ЕСЕ.

Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај

Подводниот визуелен спектакл „Мермејд опен“ (Mermaid Open), познат и како Меѓународен натпревар за сирени во Шангај, Кина се одржа минатиот викенд. На него учествуваа стотина спортисти од Кина, Јужна Кореја и Казахстан.

Беа прикажани уметнички нуркачки вештини во неколку дисциплини, а натпреварувачките и натпреварувачите се оценувани во неколку категории.

Натпреварот се одржа во базен со 7.500 кубни метри вода и околу 50.000 риби во него, a двајца од јужна Кина се прогласени за шампиони - во женска и машка конкуренција, пишува „Шангај дејли“. Натпреварите со сирени станаа многу популарни во Кина последниве години, а за да го поттикне овој спорт, Океанскиот парк „Хајчанг“ во Шангај планира да организира серија настани и за претстојните празници во мај.

Видео: Атина „проголтана“ од сахарска прашина, градот обоен во портокалово

Атина и јужните делови на земјата вчера беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.

Облаците од прашина, пренесени преку Средоземното море од северна Африка, го обвија акропол и другите знаменитости на Атина.. Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews. Метеоролозите најавуваа дека небото ќе се расчисти денеска поради промената на правецот на ветерот, поради што ќе паднат и температурите.

Кулеба ги пофали американските политичари за одобрувањето на пакетот воена помош за Украина

Претставници на Пентагон најавија дека одредена муниција веќе е складирана во Европа, а се очекува меѓу приоритетите да бидат артилериската и противвоздушната одбрана.

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба со ентузијазам ги пофали американските политичари за одобрувањето на долго одложуваниот пакет воена помош од 61 милијарда долари за Украина, но предупреди дека новите испораки нема веднаш да го свртат бранот на војната.

„Алелуја“, изјави Кулеба во интервју за „Гардијан“ на прашањето за реакцијата на вчерашното конечно гласање на американскиот Сенат. Тој рече дека „неговото верување е дека ќе има позитивен исход“, но Западот мора „да сфати дека ерата на мирот во Европа е завршена“ и да ја изгради својата одбранбена индустрија.

Говорејќи за „Гардијам“, Кулеба рече дека се надева оти Белата куќа ќе го претстави новиот пакет оружје „за неколку дена, можеби и часови“ и дека е „само прашање на логистика“ залихите да се префрлат на фронтот.

Претставници на Пентагон најавија дека одредена муниција веќе е складирана во Европа, а се очекува меѓу приоритетите да бидат артилериската и противвоздушната одбрана.

Кулеба, исто така, рече дека Украина идентификувала седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ кои би можела да ги користи за заштита на цивилите во поголемите градови надвор од Киев. Еден е добиен од Германија, уште четири се лоцирани и преговорите се во тек, рече Кулеба, а на повидок се уште два. /МИА

притисни ентер