И покрај тоа што во 2017 биле извршени 7 600 трансплантации на срце , и натаму има недостиг на овој орган , поради што илјадници луѓе умираат не можејќи да дочекаат срце за трансплантација. Имало обиди да се одгледа човечко срце во лабораториски услови , но има проблем при градбата на ткивото , зашто има опасност да се распадне.
Во компанијата ,,Техшот” , која се занимава со вселенска технологија сметаат дека нулта гравитацијата може да биде одговор. Тоа значи дека срцето може да биде одгледано без потреба за потпорно ,,скеле” , смета докторот Рич Болинг , потпретседател на одделот за технолошки развој.
,,Наша крајна цел е да понудиме решение за недостатокот на срца за трансплантација , поради што дневно во САД умираат по 20 луѓе дневно, додека чекаат на трансплантација. “
Во соработка со НАСА , Техшот има развиено технологија по принципот на 3Д принтање , што се одвива во направа слична на микробранова печка , во која ткивото за срцевиот мускул се развива од матичните клетки на пациентот.
Се планира во мај годинава во новата мисија на SpaceX да се најде и оваа технологија на Меѓународната вселенска станица.
За тоа ќе биде потребно многу време , така што научниците со резерва прогнозираат дека производството на целосни органи би можело да почне 2025 година, а до постигнување задоволителни резултати би требало уште десет години.