СВЕЧЕНА ТАВА СО ПОВЕЌЕ ВИДОВИ МЕСО

Рецепт на: Каролина Здравковска

Потребни состојки:  200 гр.телешко месо, 200 гр.свинско месо, 200 гр.пилешко месо, 300 гр. шампињони, 100 гр. качкавал, неколку лажици еспањол сос, 1 главица кромид, 1 пиперка, малку лук, ½ тиквица, 1 морков, 1 домат, сол и бибер по вкус.  

          Постапка:

          Во тава со загреано масло се пропржува свинското и телешкото месо исечкано на коцки.

          Во друга тава со загреано масло најнапред се пропржуваат: кромидот, пиперката, лукот и кромидот.

          Потоа се додаваат  тиквичката и доматот и се продолжува со пржењето.

          Во трета тава со загреано масло се пропржуваат исечкани шампињони.

          Во тавата со свинско и телешко месо се додава пилешкото месо и се зачинува со сол и бибер по вкус.

          Се продолжува со пржењето со повремено промешување и потоа се додаваат шампињоните.

          По неколку минути се додава и пропржениот зеленчук и се продолжува со пржењето.

          При крај се додаваат неколку лажици еспањол сос.

          Пропржените состојки се стваат во земјена тава и се покриваат со рендан кашкавал.

          Се печат во загреана рерна околу 15 минути на 200 степени.

Цитроен го враќа легендарниот Ами (ВИДЕО)

Цитроен реши по четири децении да го врати легендарното име на неговите нови автомобили.

Под името Ами Цитроен на саемот во Женева ќе претстави прототип на нов електричен автомобил. Освен што автомобилот е целосно на електричен погон , ќе има систем за брзо полнење , а ќе може да се набави ,,на барање”.

Тоа е најголемата новина од Цитроен , кој нуди преку апликација да моѓже да се најми автомобилот на период од пет минути до пет години. Освен интересните идеи за концептот, се нудат и дизајнерски решенија во вид на ,,волшебна кутија”.

Во должина од сам0 2,5 метри има место за две седишта , багашник , место за оставање работи , а секако и за погонот и сето тоа распоредено на минималистички начин.

На овој начин и со новото возило , достапно за сите, Цитроен ќе го прослави 100. роденден.

НБА играчот Томсон ја изневери Кардашијан со пријателка на нејзината сестра

Клое Кардашијан (34) го напушти НБА кошаркарот , Тристан Томсон (27) , откако во понеделникот дозна дека ја изневерил со најдобрата пријателка на нејзината помала сестра.

Кошаркарот , кој настапува за екипата на Кливленд Кавалиерс , во саботата на забавата во својата вила во Лос Анџелес се сплеткал со 21 гпдишната Џордин Вудс , најдобрата пријателка на Кајли Џенер (21).

Томсон вчера на Твитер напиша дека станува збор за лажни вести , но набргу ја избриша оваа објава.

Гостите , кои биле на забавата кај кошаркарот сведочат дека во еден момент тој им забранил да ги користат мобилните , по што пристигнала Џордин , која останала кај него дома до утрото.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

plus she know my babymama is a trophy 🏆

A post shared by HEIR JORDYN (@jordynwoods) on

Клое , која со Томсон има 10 месечна ќерка , ја прекина врската со него веднаш во понеделникот, откако кошаркарот признал дека бил во врска со Џордин.

Лејди Гага нема среќа во љубовта- ја раскина свршувачката

Лејди Гага (32) и нејзиниот менаџер Кристијан Карино (50) ја прекинаа свршувачката .

,,Едноставно не одеше. Во таква ситуација најдобро е да се прекине врската без драма.” , потврди пријател на познатата пејачка и актерка за списанието People.

Гага и Карино ја почнаа врската во 2017 , а само по неколку месеци почнаа да се шират гласини за нивната веридба. Гласините дека веридбата е прекината почнаа да се шират по 10 февруари на доделите на наградата Греми , кога Гага не го носеше вереничкиот прстен.

Веднаш потоа почнаа да се шират информации за нејзината нова тетоважа , посветена на колегата од филмот ,,Ѕвездата е родена “ , Бредли Купер (44) .

Гага , под вистинското име Стефани Германота е номинирана за Оскар во категорија за најдобра актерка.

притисни ентер