Откриена огромна дупка на Антарктикот – научниците загрижени (ВИДЕО)

На Антарктикот е откриена огромна пукнатина , со големина речиси колку Менхетн во Њујорк .

Пукнатината во леденик , која е неодамна откриена на Антарктикот , ги загрижи научниците, зашто се шири со голема брзина. Огромната пукнатина е длабока речиси 300 метри и се наоѓа на западниот дел од Антарктикот , соопштено е од лабораторијата на НАСА.

Вкупната големина на овој леденик , според проценката на научниците е со голењмина на Флорида.

Но , неговата површина , како резултат на климатските промени се намалува ,а појавата на внатрешни пукнатини со толкави размери е дополнителен доказ за топење на мразот на Јужниот Пол.

Доколку се стопи овој глечер може да предизвика зголемување на нивото на океаните за 65 сантиметри.

Американски и израелски медиуми: Израелските власти разгледувале опции за одмазднички напад

Американски и израелски медиуми: Израелските власти разгледувале опции за одмазднички напад врз Иран, но се повлекле од планот.

Израел разгледуваше опции да изврши напад врз Иран како одмазда за нападот без преседан минатиот викенд, но потоа ги откажале плановите, јавија израелски и американски медиуми.

Иран лансираше повеќе од 300 беспилотни летала и проектили против Израел во текот на викендот во напад што предизвика мала штета бидејќи повеќето проектили беа пресретнати.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе одговори на нападот, што ги поттикна глобалните сили, вклучително и главниот сојузник САД, да повикаат на воздржаност за да се избегне каква било понатамошна ескалација или регионално прелевање од повеќемесечната војна во Газа.

Израелскиот јавен сервис Кан објави дека по разговорите со американскиот претседател Џо Бајден, Нетанјаху одлучил да не продолжи со однапред договорените планови за одмазднички напади врз Иран во случај на напад.

„Дипломатската чувствителност влезе во игра“, изјави за Кан висок израелски функционер кој сакаше да остане анонимен, додавајќи дека ќе има одговор, но дека ќе биде различен од првично планираното.

Цитирајќи три неименувани израелски извори, Еј-Би-Си Њуз објави: „Израел се подготвуваше и потоа ги прекина одмаздничките напади против Иран најмалку две ноќи минатата недела“.

Меѓу опсегот на можни реакции што ги разгледуваше израелскиот воен кабинет беа опциите за напад на ирански полномошници на друго место во регионот или за извршување кибер напад, изјавија изворите за Еј-Би-Си Њуз.

На состанокот на владата во понеделникот, израелските власти размислуваа да им дадат дозвола на израелските одбранбени сили (ИДФ) за напад врз Иран, но „од оперативни причини“ одлучија да не продолжат со тоа, изјавија двајца неименувани израелски функционери за американскиот портал Аксиос.

Вооружените групи поддржани од Иран ширум регионот извршија напади откако изби војната меѓу Израел и Хамас во октомври.

Нападот на Техеран викендот, неговиот прв директен напад на израелска територија, дојде како одговор на смртоносниот напад врз конзуларниот анекс на Иран во Дамаск на 1 април, за кој нашироко беше обвинет Израел.

Вашингтон и Брисел ветија дека ќе ги зголемат санкциите против Иран, додека иранскиот претседател предупреди на „жесток и остар одговор“ на каква било одмазда. Како одговор на дипломатскиот притисок, вклучително и од главниот воен поддржувач Вашингтон, Нетанјаху во средата инсистираше на тоа дека Израел ќе донесе сопствени одлуки и „да го направи она што му треба за да се одбрани“.

Саем на книгата под слоганот „Приказна се чита“

Во арената „Борис Трајковски“ во Скопје денеска ќе биде отворено 36. издание на Саемот на книга, кој во седумте саемски дена ќе понуди богата програма со повеќе од 30 промотивни настани и дружби со автори. 

Посетителите ќе можат да си одберат книги од разновидната понуда на домашни и странски автори од преку 60 издавачки куќи од земјава и регионот.

На официјалното отворање на Саемот на книга обраќање ќе има министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, а покрај претставниците на издавачките куќи на отворањето ќе присуствува и германската амбасадорка Петра Дрекслер.

Слоганот на манифестацијата е „Приказна се чита“, со цел да го доближи саемот до помладата популација, а покрај едукативно-културниот аспект, годинава се воведува и општествено одговорна компонента.

Со секоја купена редовна влезница ќе се донираат 15 денари за СОС детско село. Исто така, по повод 23 април - Светскиот ден на книгата, во СОС детско село и ДУЦОР „Партенија Зографски“ од Скопје - средно училиште за ученици со оштетен слух ќе бидат донирани по 100 книги и бесплатни годишни претплати од Boksy - изложувач на саемот, за година онлајн читање на книги.

Годинава во рамки на Саемот е востанопвување на Фелоушип програма, по примерот на сите поголеми светски саеми. Од Македонска асоцијација на издавачи (МАИ), информираа дека по отворениот повик, комисијата што ја формирале за оваа намена, избра пет учесници на Фелоушип-програмата: Флоранс Жири („Агенција „Флоранс Жири“, Франција), Петра Кавчич (издавачка куќа „Белетрина“, Словенија), Јанис Краниас (издавачка куќа „Ентипоис публикејшенс“, Грција), Ена Хасечиќ (издавачка куќа „Бајбук“, БИХ), Мирослава Уљаревиќ (издавачка куќа „Ободско слово“, Црна Гора).

Фелоушип-програмата е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, а нејзината цел е да ги запознае издавачите и книжевните агенти со домашното издаваштво, со трендовите во современата македонска книжевност, со нашите најистакнати писатели и да им „открие“ дела што можат да ги внесат во својата издавачка програма.

Годинава се воведува и нов концепт на поставка на штандовите, за подобра видливост на сите изложувачи и издавачи, а помалите издавачи во однос на квадратурата ќе бидат визуелно подостапни до публиката.

Промоциите и дружбите со автори ќе се случуваат во промотивниот центар како главна бина, во текот на седумте саемски денови. Во рамки на саемот ќе биде доделена наградите од Асоцијацијата на издавачи.

Годинава фокусот ќе биде и на детската програма, во која е предвиден посебен дел со маскоти, што ќе се одржува во викенд деновите на Саемот.

Саемот на книга ќе биде отворен за посетители од 18 до 24 април, секој ден помеѓу 10:00 и 20:00 часот, освен на денот на затворањето кога ќе работи до 18:00 часот.

Покровител на Саем на книга традиционално е Министерството за култура на РСМ.

Санкционирани 129 возачи во Скопје

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 129 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции....

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 129 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, четири мерки за користење на мобилен телефон при возење.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

притисни ентер