Четворица починати од грип во Србија , 45 во Хрватска

Од почетокот на сезоната на грип , во Србија има четворица починати пациенти. Според епидемиолозите , епидемијата е на врвот.

Според податоците на Институтот за национално здравје , годинава одѕивот за вакцинирање од сезонски грип бил најголем. Во Србија има пријавено 68 516 заболени од грип , што е за 10 прценти повеќе од 2018.

И покрај ваквите пшодатоци од Инситутот тврдат дека состојбата е под контрола и во рамки на просекот за овој период од годината.

Во БиХ до крајот на јануари починаа 22 лица од грип , и тоа 20 од нив во Република Српска.

Во Хрватска состојбата е најсериозна и бројот на починати од грип оваа сезона достигна до 45 пациенти.

притисни ентер