Четири нови смртни случаи од грип во БиХ , вкупно починале 22 лица

Од последици на сезонски грип во Република Српска починале уште четири лица , така што на територијата на БиХ вкупниот број на починати достигна до 22 лица.

,,Станува збор за лица на постара возраст со бројни дополнителни заболувања , а биле позитивни на вирус на инфлуенца.” , се наведува во соопштението на Институтот за јавно здравје.

Се наведува дека четирите лица биле на лекување во болницата во Бања Лука. Од вкупниот број починати од грип , 20 случаи се во Република Српска , а другите двајца на теротиријата на останатиот дел од БиХ.

Поради превентивни мерки , во болниците е забранета посета на пациенти.

притисни ентер